26 Април, 2024
0.0275

ЖЕЛЕЗНИЦАТА СО ГОДИНИ БЕЗ ИНВЕСТИЦИИ: Еве кои линии се најфреквентни

Објавено во: Економија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Најмногу патници со воз патуваат на релација Скопје – Велес и Скопје – Битола, потврдуваат од Железници на Република Северна Македонија транспорт.

Со години овие две релации имаат најмногу патници, а луѓето од Велес и Битола имаат навика да патуваат со воз до главниот град, затоа што е поевтино, но и попрактично. Велешани на работа во Скопје со години одат со воз и патуваат 50-тина минути.

„Петнаесет години овие две релации се најфреквентни, со тоа што за Битола имаме четири пара возови дневно, да одат и да се вратат, но сега поради технички причини сообраќаат само три пара. Додека за Велес има повеќе линии, затоа што и оние возови кои патуваат кон Битола поминуваат низ Велес, оние кои одат до Гевгелија и Кочани, така што велешани дневно имаат десетина возни линии“, вели Саше Јовановски, директор за патнички сообраќај во Железници на Република Северна Македонија транспорт.

Но, не само работници, и студенти патуваат со воз.

Во студентските денови патував со воз, а сега скоро и да не патувам со овој вид на превоз, но знам многу луѓе кои патуваат, и ја бираат таа опција затоа што е евтино“, вели Дејан  Ангелов, граѓанин на Велес.

Но, од друга страна најмалку патници има во возовите кои сообраќаат до Кичево и Кочани.

Статистиката покажува дека македонските граѓани почнуваат почесто да се возат со воз.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, во однос на првото тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11.7 %, во градско-приградскиот превоз за 1.3 %, во железничкиот превоз за 13.1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 41.5 %.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија