19 Април, 2024
0.0305

Зекири не претпоставува како се заразил, во четвртокот бил на состанок во СДСМ

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber


Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој објави дека е позитивен на Ковид-19 во разговор за Фактор потврди дека се чувствува добро, нема симтоми и не може да претпостави каде се заразил. Вели дека три месеци не излегол од дома и се однесувале одговорно поради тоа што имаат и мало бебе. Прв пат, како што вели излегол минатата недела и во четвртокот бил и на состанок во СДСМ.

„Јас тогаш бев за прв пат во партијата по подолго време. Имавме состанок на кој присуствуваше потесното раководство на партијата. Сите се известени. Потоа бев и на емисија со Игор Јанушев од ВМРО- ДПМНЕ со кога се слушнавме, вели Зекири.

Прва, некакви благи симптоми почувствувала сопругата поради што и се тестирале. Сега се позитивни сите тројца, односно позитивен е тестот и кај тримесечната ќерка.

Зекири потврди дека на состанокот во СДСМ ги почитувале препораките. Од СДСМ веќе известија за тоа. 

Игор Јанушев пак рече дека му посакува на Зекири добро здравје.  

„Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, вели Јанушев.

Телевизиската емисија била на ТВ24.


Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо