29 Март, 2024
0.0270

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПОСИЛЕН ЕСЕНСКИ БРАН: Регионални Ковид-центри за болните од корона вирусот

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Епидемијата на корона вирусот во земјава не стивнува. Само за последните три дена во земјава се регистрирани 540 новозараени граѓани со Ковид-19, додека 409 болнички кревети се зафатени со болни пациенти на кои им е неопходна хоспитализација. Здравствените власти десеттина дена наназад предупредуваат дека есенските месеци ќе бидат уште покритични со многу повеќе заразени, па во пресрет на новиот, есенски бран, прават планови за отворање на повеќе ковид центри на тероторијата на целата земја.

Комисијата за заразни болести предлага формирање регионални Ковид центри, за да нема оптоварување на здравствените капацитети само во Скопје, а ваквиот предлог го поддржаа и градоначалниците на 16 града во Македонија, односно од Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и од Прилеп.

Имено, Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести предлагаат формирање регионални Ковид- центри во градовите каде има општи болници и здравствени домови, во кои би можело дополнително да се зајакнат и со мобилни болници, како што е веќе онаа на Клиниката за инфективни болести, со што и помалите градови би биле многу повеќе подготвени за есенскиот бран на епидемијата.

-Воопшто не е рано ваквите планови да почнат да се реализираат уште сега. Идејата е во градовите каде има општи болници, начинот на работа да се организира најсоодветно за време на есенскиот бран кога се очекува уште поголем број на пациенти. Тие мора да бидат опремени и со лаборатории за тестирање на граѓаните, не може сè да се праќа во Скопје. На тој начин би се намалило и чекањето за земање брисеви. Екипите од центрите за јавно здравје, едноставно не може да постигнат, заради што мора да се чека. Регионалните Ковид-центри подразбираат и згрижување, хоспитализација на болните од корона вирусот од тој регион, односно од неколку града, од повеќе населени места кои гравитираат таму, да треба најмногу 10-тина-20-тина километри за да стигне пациентот до болница, не повеќе. Истовремено, со формирањето на регионалните Ковид-центри нама да дозволиме да се пренатрупаат болничките капацитети само во главниот град. Во однос на медицинскиот кадар, ќе продолжи системот на ротации, но, ќе бидат ангажирани дополнителен број млади лекари кои сега завршуваат, како и медицински сестри кои исто така завршиле во средномедицинските училишта изминатиот период, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Инаку, веќе неколку пати министерот за здравство Венко Филипче повтори дека наесен вирусот посилно ќе се шири, а евентуалното отворање на градинките и училишта, поголемата комуникација меѓу мадите луѓе е дополнителен ризик. Истовремено, беше укажано дека ќе се воведуваат и дополнителни рестриктивни мерки, како и полициски час ако има зголемена трансмисија.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница