Збор по збор - песна: Битолските матуранти со креативно „карантинско“ видео
Објавено во: Македонија, Стил 05 Мај, 2020
Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, матурантите од СОУ „Јосип Броз - Тито“ од Битола, ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура.
Тие предизвикани од битолската продукција Дрим Каст, во домашни услови снимаа видео со своите мобилни, каде задача им беше да кажат по еден збор кој случајно ќе им текне.
Но, освен зборови, матурантите снимаа и звуци од предмети што им беа на дофат, а со тоа се дополни и аранжманот на самата песна.Читајте повеќе на Хаштаг