20 Април, 2024
0.0265

Затоплувањето на Скопје со природен гас ќе чини до 21,6 милиони евра

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

„Производство на топлина Балкан Енерџи“ во постапка со преговарање без објава на оглас од ТЕ-ТО ќе купи до 63 милиони нормални кубни метри природен гас за што ќе плати до 21,6 милиони евра. Овој ресурс е потребен да ги стопли скопјани кои се системот на парно греење претстојната сезона

Природниот гас со кој оваа грејната сезона ќе се топли Скопје ќе чини 21,6 милиони евра, а БЕГ ќе го набави од ТЕ-ТО, ова се деталите од новиот договор што е на сила од почеток на месецов и со кој „Производство на топлина Балкан Енерџи“ дел од групата на БЕГ ќе го затоплува Скопје.

Откако пропаднале најмалку две тендерски постапки затоа што не се јавил ниту еден понудувач, на последната постапка која согласно со Законот за јавни набавки е без објава на оглас со преговарање работата на добил ТЕ-ТО (когенеративна централа која произведува топлинска енергија и струја) кој се јавил како трговец со природен гас. Во овој договор е планирано БЕГ преку својата фирма за производство на топлина да набави до 63 милиони нормални кубни метри природен гас од почетокот на откомври годинава до крајот на април идната година. Цената за еден нормален метар кубен природен гас е 317,9 американски долари.

БЕГ природниот гас ќе го користи за производство на топлинска енергија во топланите „Исток“, „Запад“ и „11 Октомври“. Според договорот производителот т.е. купувачот ќе доставува месечни номинации за набавка на гас за период од еден месец и ќе има обврска да го транспортира гасот од главната мерна станица „Жидилово“ (во близина на македонско-бугарската граница кај Крива Паланка н.з.).

Договорот предвидува дека може да има корекции на цената на гасот и тие се можно заради промени на неговата пазарна цена, влезните трошоци на граница и законската регулатива во нашата земја. При тоа ТЕ-ТО треба да поднесе валидни докази за промените на цени кои не можеле да се земат во предвид при поднесување на понуда.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?