23 Април, 2024
0.0525

Заштитата на клиентите при подигање на малите и брзи кредити стигна на владина седница

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

На предлог на Министерството за финансии, на редовната 102. седница во 12 часот, Владата ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Министерство за финансии пред четири месеци предложи изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Со предлог-измените кои се поставени на Единствениот национален регистар на прописи, ЕНЕР, давателите на потрошувачки кредити на граѓаните им пресметуваат и наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата.

Целта на предлог-законот е граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите. Затоа се предлагаограничување на годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити.

Годишна стапка на вкупни трошоци е односот меѓу вкупните трошоци на кредитот и износот на одобрениот кредит, со ко износот на одобрениот кредит се изедначува со износите на сите обврски по кредитот што треба да ги плати потрошувачот (отплата на главнина и вкупни трошоци на кредитот).

Според искуствата, завршните сметки на финансиските друштва кои оперираат со овој тип на кредити, овој потег значително ќе им ја отежне работата на и онака многуте вакви финансиски друштва а воедно ќе помогне кај доста граѓани кои се од најранливата група и истите ќе бидат заштитени во поглед на плаќањето многу високи суми на трошоци за позајмените пари.


Можеби ќе ве интересира

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички