28 Март, 2024
0.0284

Лажната докторка останува на Инфективната клиника, нејзиното новороденче е негативно и заминува дома

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Трудницата која во понеделникот се породи во Ремедика, освен што дала лажни податоци во епидемиолошката анкета претходно на ГАК, лажно и се претставила дека е лекарка.

„Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари, не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит. Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство“, велат од Комората.

Инаку, во текот на денешниот ден треба да биде испишано од приватната болница Ремедика новороденчето на лажната докторка која е позитивна на корона вирусот, а која првично се обиде да ја сокрие состојбата давајќи лажни искази и во епидемиолошката анкета дека немала контакт со заразен од корона вирусот. Педијатрите од Ремедика апелираат грижата за бебето кое е старо само три дена да ја преземат роднините кои имаат негативни Ковид-тестови.

Инаку, „докторката“ трудница во породилна фаза во текот на викендот отишла на ГАК, но при пополнувањето на епидемиолошката анкета не навела дека член на нејзиното семејство е позитивен на корона вирусот. Сосема случајно персоналот во ГАК дознал за тоа, по што веднаш се обиделе трудницата да ја сместат во делот за изолација, но таа тоа го одбила и веднаш на своја одговорност ја напушила клиниката. Директорката на ГАК, д-р. Викторија Јовановска вели дека целиот труд на сите вработени во клиниката во изминативе 3 и пол месеци со вакви однесувања од страна на пациентите паѓа во вода.

-До сега немаме ниту едно заразно бебе, ниту пациенти. Не дозволиво е тие што доаѓаат да даваат лажни податоци во епидемиолошката анкета. По сто пати ги прашуваме, но ете има и такви кои сакаат да ја сокријат вистината. Често се соочуваме и со вербални, но и со физички закани. По овој случај, двете родилки кои беа во собата со зарзената докторка живеат во страв и за своето здравје, но се плашат пред се за своите новороденчиња. Револтот е уште поголем бидејќи станува збор за пациентка од нашата фела, односно докторка која целосно неодговорно и несовесно постапи, вели директорката на ГАК, д-р. Јовановска.

Фактор разговараше и со здравствените работници во приватната болница Ремедика, каде што заразента докторка отишла да се породи. Таа се јавила за прием на 8. Јуни. Оттаму за Фактор велат дека протоколите и стандардите кои задолжително се спроведуваат таму, конкретно во овој случај се покажаа како сосема оправдани, пред се за заштита и на пациентите и на персоналот.

-Ние за тоа што се случувало на ГАК  ништо не знаевме. Нашата колешка трудница кај нас дојде на 8. јуни, во понеделникот, но кај нас се запазуваат сите протоколи и мерки на заштита, без исклучок. Пациентите задолжително мора да носат маски, а целосно е заштитен и персоналот според сите стандарди кои важат за заштита од корона вирусот. Таа е примена во активна фаза на породување, па како и за сите останати трудници и на неа и е земен брис за Ковид 19. Тоа значи дека таа не е посебно третирана, туку сосема исто како и сите останати пациенти во Ремедика. Сите што ги контролираме во претрпородилната подготовка, задолжително им се прави и корона тест, зарадни нивата безбедност,  безбедноста на нивните новореденчиња, како и на персоналот во болницата, изјави за Фактор, д-р. Марина Поп Пазарова, специјалист педијатар и претедател на Комисија за за превенција од интрахоспитални инфекции.

До добивањето на резултатот, како што појаснува д-р. Поп Лазарова, што исто така е според протоколот по кој работи болницата, жената е веќе сместена сама во претподорилна соба самоизолирана, а медицинскиот персонал ги користи сите лични заштитни средства.

-Породена е со царски рез, во посебна операциона сала наменета за случаите кога се очекува резултатот и во постопреативниот тек исто така со зголемени мерки на заштита, како нејзина, така и на персоналот. Бебето е родено во добра општа состојба и без директен контакт со мајката, се е според протоколот којшто го практикуваме кај сите родилки кај кои што го очекуваме резултатот од брисот. По добивање на резултатот од конкретната пациентка кој е позитивен, известена е епидемиолошлата служба, направена е листа на контакти, контактирани се сите од страна на епидемиолозите кои го испитаа степенот на ризик и согласно запазените процедури и протоколи беа дадени упаства за понатамошните активности, по што пациентката веднаш е префрлена на Инфективната клиника. Бебето е негативно, а тоа е и сосема очекувано бидејќи немаше директен контакт со мајката, за која мора да напоменам дека е асимптоматски случај, вели д-р. Поп Лазарова.

Истовремено, епидемиолошката служба, според степенот на ризик препорача и мерки за екипата која имала контакт со пациентката, истакнува д-р. Поп Лазарова.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант