Заработиле три милијарди долари а само пуштија игра која го зарази светот
Објавено во: Финансии 29 Декември, 2018
Компанијата „Epic Games“ во 2018-та заработила 3 милијарди долари, најмногу поради популарноста на нејзината игра „Fortnite“, објави Форбс.
„Fortnite“ е бесплатна за играње, но повеќето од околу 125 милиони играчи во неа потрошиле барем малку пари. Сезонска пропусница (Battle Pass) чини 10 долари, а тука се низа предмети за играта кои може да се купат во онлајн продавница.
Специјализираните портали пренесуваат дека успехот на играта на сите платформи PS4, Xbox One, PC, Nintendo Switch, Android и iOS - резултирал со добивка од 3 милијарди долари во текот на 2018-та. Се работи за добивка, а не за приход на компанијата, напоменуваат од Форбс.
Кинеската компанија „Tencent“ поседува 40 посто акции во „Epic“. Неодамна неколку инвестициони компании вложиле во неа дополнителни 1,25 милијарди долари.
Форбс наведува дека „Fortnite“ е забавна и заразна игра која може да ја играат сите. Бесплатна е, освен што сезонскиот Battle Pass чини 10 долари, а во играта може да се заработи и низ секојдневни предизвици.
Најголемиот предизвик за „Epic“ е да ја одржи играта забавна и свежа во месеците и годините кои доаѓаат, пренесува Index.