25 Април, 2024
0.0370

Започнаа новите поволности: Субвенциониран станбен кредит од државата по камата од 2,9%

Објавено во: Економија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните отсега можат да аплицираат за новите и подобрени услови за субвенциониран станбен кредит. Со објава на законските измени во Службен весник стапуваат на сила пониските каматни стапки од 2,9%, но и други поволности како дополнителна едногодишна субвенција од 30% за родено или посвоено дете.

- Каматните стапки за првиот модел, во кој државата субвенционира дел од месечната рата, ги намалуваме од 3,95% на 2,9% за првите 3 години. За четвртата и петата година каматите ги намалуваме од 4,44% на 3,9%. Ова се во моментот меѓу најниските каматни стапки за станбен кредит на пазарот. Намалувањето на каматните стапки значи сериозна заштеда за граѓаните. На пример, за кредит од 50.000 евра, само по основ на камати граѓаните ќе заштедат 1.300 евра - рече Тевдовски, кога ги презентираше новите подобрени услови пред Македонската банкарска асоцијација.

Со измените се намалува и каматната стапка за моделот „Учество“. Имено наместо досегашната стапка од 4,5% + 6-месечен Еурибор, со измените каматата е 4% + 6-месечен Еурибор. Инаку оваа камата важи за цело времетраење на исплата на кредитот.

- Одиме и чекор понатаму за поддршка на граѓаните кои планираат да формираат или да го зголемат семејството. Едногодишна субвенција на месечната рата (главнина и камата) во висина од 30% за секое родено или посвоено дете за корисниците на кредитите кои ќе го зголемат семејството  во рок од 10 години од добивање на кредит преку проектот - рече министерот за финансии Тевдовски.

Се предлагаат и нови модели на субвенционирање кои ќе обезбедат подобри услови, особено за младите. Кај моделот за купување на стан за млади, наместо 50% субвенција, отсега државата ќе субвенционира 70% месечна рата (главнина и камата) во првите пет години или 70% од учеството. Со ова ќе се обезбедат повисоки субвенции за околу 2.500 евра во однос на порано.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди