19 Април, 2024
0.0260

Започна засејувањето на облаците над Македонија

Објавено во: Агробизнис 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците, информира Управата за хидрометеоролошки работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На спортскиот аеродром Стенковец се одржа првиот пробен лет на авионите коишто ќе вршат засејување на облаците со сребрен јод.

Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса.

Со овој модерен систем на заштита од град ќе се придонесе да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе се заштити трудот на земјоделците.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари