Започна протестот во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон во Собрание против формирање на клубови со контроверзно минато
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022
Фото: Охрид Скај
Со поставен видеобим на кој пишува „Владата ова го дозволува, народот не“ во центарот на Охрид започна протетсот против денешното отворање на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“.
ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе предложи закон за основање на здруженија и фондации со кои ќе се спречи именување на субјекти кои имаат поврзаност со фашистичкото минато.
Пратеничката Рашела Мизрахи пред медиумите рече дека ова е повеќе од провокација.
„Се повидливи стануваат актерите за ревидирање на историјата и вистината, со отворање на културни центри на фашисти како Цар Борис Трети кои имале директно учество во геноцидот и ова е повеќе до сериозна провокација, силување на антифашистичкото минато на македонскиот народ и ова не се европски врендости
Неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на македонската историја, секоја педа од оваа земја е натопена со партизанска крв и обљубата со присила е силување“, рече Мизрахи.