24 Април, 2024
0.0260

Запленетиот крап и сом се испраќа во македонските затвори

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По точно 23 килограми крап и сом биле испратени годинава од Агенцијата за управување со одземен имот како отстапница на адреса на затворите во Идризово и Гевгелија.

Според евиденцијата што ја доби „Фактор“ за заплените во 2019, од она што е отстапено, во очи паѓа тоа дека 23 килограми крап е испратен во Идризово, додека 23 килограми сом во Гевгелија. Не е познато дали рибата била наменета за затворската управа и вработените, или и за затворениците.

Од најскапите автомобили што други државни органи и институции побарале да ги превземат, евидентирано е дека Ауди А4 Авант е превземен од управата на МВР, додека Ауди А4 1,8т е испратен за потребите на Општа болница Струмица. Во испратницата не е запишано која година на производство се двете возила и колкава е нивната вредност, но според моделот може да се заклучи дека се високорепрезентативни. 

Од другите конфискувани автомобили, општина Богданци превземала возило Пежо 206, а еден Голф 4 е испратен за потребите на полициската станица Карпош. Може да се забележи дека за откуп на стари патнички и товарни возила Агенцијата има соработка со кумановска фирма која работи со плацови и депонија, а запленетиот добиток го купуваат две физички лица.

Од она што било запленето, а се уште не е распределено, примени се, покрај другите марки, автомобилите од висока категорија како Мерцедеси од Ц-класата, Ауди од А8 до А3 и BMW 530d. Покрај класични патнички возила, има и товорни и мотоцикли, како и трактори со приколки. Од недвижнините запленет е и еден цел магацин, а има и разноразни предмети како дигитални ваги, огномет, телескопи, мобилни телефони, моторни пили, алат. Има и лажни возни билети и ладно оружје, лекови, филтри за цигари, цигари, тутун и производи од тутун. Евидентирана е голем број на конфекција , модни додатоци и аксесоари, како и парфимерија. Во складиштата има и риболовна опрема, разни брендови од алкохол и земјоделски производи и детски играчки.

- Во однос на конфискација на имотна корист, за тековниот период по основ на извршување правосилни судски пресуди, наплатени се 16,9 милиони денари од осудените лица, гласи во одоговорот на Агенцијата за тоа колкав имот е одземен во пари во првата половина од годината. 

Агенцијата во конфискувањето соработува со Шумска полиција, Совет за унапредување на ревизија, националните паркови, царинските терминали, судовите, обвинителството, Царинската управа, полицијата, ЈП Македонски шуми. Голем дел од овие институции го отстапуваат својот магацински простор и плацевите за одземениот имот кој го складираат пред сукцесивно да биде превземен како што се ослободува простор.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата