28 Септември, 2022
0.0215

ЗАПИСИ ЗА ЕДНО ВРЕМЕ ВО МОЈАТА БОРБА

Објавено во: Колумни 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Велат, на млади години се љуби, а на постари се пишуваат мемоарите. Јас, пак, се чувствувам дека за ова второто е се уште рано. Имено, не дека немало некои, кај нас, ќе ги видиш уште на 30-тина години, земале да пишуваат книги за успеси, падови, врвови и долини, чиниш се наживеале, а тоа да ти било преписи и преводи од американските мотивациски книги.... Но, што е право - треба да ти текне добар „филм“ за „PR“ да им направиш на масите. Како и да е, јас сум на мисла дека книги или мемоари се пишуваат кога душата говори и кога човек ќе се наживее, пропратен со полно успеси и падови. Само тоа е unique, а се друго е копија.

Во насока на ова, ќе извадам еден дел од мојот живот, а поврзан со една значајна средба и мојот погрешен избор. Во спротивно, ако земам, да се повлечам во Охрид, па да пишувам малку повеќе, знам дека многумина од т.н. „врв“ ќе се срамат од нивната себичност, егоистичност и корумпираност. 

Имено, се сеќавам, беше на почетокот на 2019 година или точно околу „Водици“студена зима, а јас се најдов заглавен среде Германија, на редовна средба со УО на Хајделберг Институтот, кој, две години претходно си отвори своја филијала во Скопје (точно на 17 октомври чинам беше, 2017-тата), а мене ме земаа со нив за да поддржувам, тука на балканот, со ентузијазмот и енергијата. Оттука, во знак на почит наспрема принципите кои ги застапував тогаш, а и сега, претседателот Улрик Цајтел, голем стопанственик и висока структура во ЦДУ во економскиот совет, и тоа цели 12 години, за што има на Wikipedia од збор до збор, ми организираше една средба во знак на почит и мало изненадување за понатамошна мотивација. Е токму тој момент ќе го паметам, засекогаш.

Поточно, јас се симнувам од холот на хотелот во Хајделберг и веднаш ме пречекува професорот Цајтел. Мепрегрна, ме стегна за раката и со благ тон ми се обрати: „Синиша во ресторанот седи еден мој голем пријател, кој сака да те запознае и да разговарате на тема: Политика и образование, а во насока на Институт Хајделберг во Скопје.“„Ок“ велам јас. Одам и седнувам. Почнуваме со размена на картички, за потоа да започнеме со претставување, како што е вообичаено. Прв, почна да говори господинот на масата, за после некоја секунда да разберам дека до мене седеше човекот од доверба на раководството на „партијата на Меркел“ и голем пријател на мојот пријател Цајтел (за македонската јавност и политика, можеби непознат, но во Германија и ЕУ, тој е многу влијателен). Практично, се работеше за Карл Ламерс - професор и тогашен актуелен заменик директор на Комитетот за одбрана во Германскиот Бундестаги раководител на конзервативната политичка група на ЦДУ во НАТО парламентарното Собрание. Дополнително на ова, тој тогаш беше и заменик претседател на "Atlantic Treaty Association“. Од разговорот, сфатив дека без никаква суета и его во себе, професорот Ламерс седеше опуштено и разговаравме на две теми: прво, политика, а потоа за германското виско образование и можностите истото да се трансферира во Македонија, со цел - да се подготват нашите деца за новите пазари, а највеќе за актуелните и нови компании кои би доаѓале во македонската економија. Значи, да бидеме на јасно, нашата кауза е децата да останат во Македонија. Тоа ни беше визијата. „Германија дома“ беше мото на разговорот. Јас, пак, како ме дарил Бог, оптимист, полн со надеж, така лесно му говорев дека ќе ја развиваме брзо институцијата во Скопје, дури и ќе има регионален карактер и стратегија да креира квалитет по стандардите на Германија, чиниш земјава е во Скандинавија. Од состанокот, договоривмеод 15 до 20 престижни германски професори и директори на големи компании на највиско ниво во Германија, а некои од нив, веќе беа ангажирани од нас, како предавачи на специјализациите.

Но, кога се вратив дома, заборавив на една многу важна работа. Би дополнил, заборавив дека се враќам во држава каде има само кочници и завист. Би рекол, јас заборавив каде треба да се вратам.Заборавив дека кога ќе се вратам првата „кочница“ ќе биде од моите.  И, така бидна. Една, по една се редеа „кочниците“. Прв, еден, сега веќе поранешен банкар, па друг, па трет од големиот бизнис како што велат тука, потоа некои од останатите, за на крај секако - „кочницата“ најсилно да дојде од системот. Понатаму, во континуитет се редеа помагател, по помагател (читај: кочничар по кочничар). Практично, да бидам по пластичен, сите мислеа дека ги носиме со себе, од овие од Германија „милионите во евра“ и сега е моментот да се црпне. За жал, тоа е нашиот систем -  македонски. Тука, логично е да се постави прашањето:

Дали ние застанавме?

НЕ, ние чекоревме уште посилно и похрабро. Така, ги поминавме сите искушенија и препреки. Одевме пополека, но со брзи чекори напред. Го променивме тимот, ја променивме енергијата. Направивме тим од млади генијалци (Македонци, Албанци, Турци, Срби) со помош на американските советиво Скопје. Има една мисла на Наполен Хил, американски писател, кој вели: "Нема замена за упорност. Неуспехот не може да се справи со упорноста“.

Еве, ден денес, во рамките на официјалната посета на германската делегација од Хајделберг и Баден-Виртемберг, од страна на раководството на Државниот дуален универзитет од Манхајм - DHBW, беше акредитиран и признаен како нов партнер за изведување на додипломски германски студии Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ - Скопје. Со тоа, започнуваме едно ново поглавје во нашата мислија, после речиси петгодишно постоење, со целосно ребрендирање и реструктурирање како претставници на најголемиот државен универзитет за дуални студии, од компаниите за компаниите. Ректорот на Државниот дуален универзитет од Манхајм, проф. д-р Георг Наглер, ги овозможи сите права, како и ги пренесе сите досегашни искуства и пракси од воведувањето на германскиот дуален образовен модел во високото образование во С.Р. Германија. За таа цел, во летниов период, направивме интензивна комуникација со сите чинители на бизнисот и државата, а во насока на соработка за вмрежување на германските и домашни компании, преку новиот концепт на учење и работа, со таргетирани мерки и програми согласно концептот на дуалното високо образование.

Нашата цел е да бидеме т.н. „Хајделберг мост“ за влез на државните универзитетски дуални студии од Баден-Виртемберг, и со тоа да им обезбедиме перспектива и иднина на младите овде, дома, а на сегашните и идни инвеститори да им покажеме дека имаме вредни, квалификувани и квалитетни луѓе. Наскоро, сите наши студенти ќе добиваат државни германски дипломи со 210 ЕКТС, а највеќе ќе добиваат, уште на 18 години дуален модел (работи – студирај). Заедно со компаниите ќе ги бираме студентите.   

YES, TOGETHER WE CAN!

проф. д-р Синиша Наумоски,

Претседател на Академски совет во АБИТ и професор за контролинг на германската високообразовна установа - Хајделберг Институт во Скопје  


Можеби ќе ве интересира

Жешка зима

Жешка зима