Заменик-министерката за финансии одбива да го потпише заемот од 90 милиони евра од Светска банка
Објавено во: Финансии 04 Јуни, 2020
Гордана Димитриеска Кочоска, заменик-министерката за финансии во техничката влада од редовите на опозицијата, синоќа во гостувањето на телевизија Алсат потврди дека се уште не го одобрува со својот потпис заемот од Светска банка од 90 милиони евра.
Димитриеска Кочоска, која и претходно тврдеше дека овој заем не го одобрува затоа што не знае за што ќе се трошат парите, истакна дека не може проектно финансирање, како што вели таа, да се заснова на два листа хартија од министерство за здравство и министерство за труд и социјала. Таа вели дека кога се работи за проектно финансирање потребно е да се има јасни пресметки врз основа на кои ќе се бара заемот.
„Во оваа конкретна ситуација, ние зборуваме за финансирање на проекти. Документот ми беше доставен на 28 април и кога го доставија документот, тие имаа еден лист за труд и социјално осигурување за 54 милиони евра и исто така еден за здравствена установа за потребните 34 милиони евра. Тоа беше причината зошто побарав дополнително објаснување за тоа за што ќе се трошат парите. Светската банка може да знае, но не знам. И тука требаше да се спомене повторно дека зборуваме за проект, финансирање на проект и кога имате финансирање на проект треба да имате јасни пресметки за кои ги барате средствата“, рече техничката заменик-минситерка.