19 Април, 2024
0.0679

Замастен црн дроб – превенција и третман

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Црниот дроб е најголема жлезда во човековото тело. Се наоѓа зад ребрата, во горниот десен дел од абдоменот. Црниот дроб има бројни и многу важни животни функции, кои се битни за одржување на човековото здравје. Една од важните функции на црниот дроб е продукција на жолчка, која е неопходна за разградување на мастите, а помага и во апсорпцијата на супстанциите растворливи во масти, како и апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К. Црниот дроб е важен и за детоксикација на некои отровни материи од крвта.
Црниот дроб е важен и за регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта, како и за синтеза на протеини кои циркулираат во крвта. Црниот дроб е орган одговорен за промена на мастите кои се внесени преку исхраната во тип на масти кои се таложат во телото и истите се користат од страна на телото како извор на енергија. Нарушувањето на овој нормален процес може да се јави при алкохолизам, малнутриција, бременост или труење. Под замастен црн дроб се подразбира состојба кога доаѓа до таложење на прекумерна количина на триглицериди и други видови масти во клетките на црниот дроб. Замастен црн дроб (на латински steatoza) може да биде привремена или долгорочна состојба, која сама по себе и може да не е штетна, но може и да укаже и на други проблеми. Доколку истата не се лекува може да доведе до појава на други болести. Обично стеатозата е реверзибилна доколку не се отстранат причините кои ја предизвикале. При замастен црн дроб, големи капки на масти, претежно триглицериди, се собираат во клетките на црниот дроб. Самата состојба обично не е болна и може да помине подолго време без да се дијагностицира. Но, кога станува збор за поголемо оштетување, тогаш црниот дроб може да се зголеми и до три пати и да биде болен. Стеатозата може да доведе до фиброза и цироза на црниот дроб. Стеатозата е честа болест и афектира околу 25 насто од популацијата.


Најчеста причина за замастен црн дроб е алкохолизмот. Алкохолот го менува начинот на кој црниот дроб ги обработува и ги складира мастите. Честопати лицата кои употребуваат алкохол, односно лицата со хроничен алкохолизам страдаат и од неухранетост поради неправилна и небалансирана исхрана. Неалкохолна болест на замастен црн дроб (NAFLD) е асоцирана со инсулинска резистенција/шеќерна болест, дебелина, дислипидемија, употреба на стероиди, одреден тип на лекови – amjodaron, metotrexate, хемотерапија. Кај бременоста, исто така, може да се јави една ретка, но сериозна форма на замастен црн дроб, која се јавува во задоцнета бременост, при метаболни заболувања, зрачење и друго. Симптомите кои се јавуваат, почесто кај алкохоличарите со замастен црн дроб, се гадење, повраќање, губење на апетит и абдоминална болка. Доколку имате било кој од овие симптоми или сте дел од ризична група треба навремено да започнете со третман за подобрување на состојбата на црниот дроб. Најчесто се препорачува третман со природни препарати на база на силимарин. Силимаринот претставува активна компонента на добро познато растение наречено Млечен трн или кај народот попознато како Магарешки трн. Силимаринот придонесува за нормална функција на црниот дроб така што го зголемува нивото на глутатион во црниот дроб, кој претставува најважен антиоксиданс за заштита на црниот дроб. Ги заштитува црнодробните клетки преку спречување на навлегувањето на штетните токсини и отстранување на истите од клетките. Исто така ги регенерира оштетените клетки и ја зголемува синтезата на протеини во клетката. Има и антиоксидантно, антиинфламаторно и имуномодулаторно дејство.

Исто така Артичоката се покажала како доста ефективен препарат за подобрување на функцијата на црниот дроб во синергија со Силимаринот. Артичоката стимулира зголемено лачење на жолчка со што помага да црниот дроб забрзано го претвара вишикот холестерол во жолчни киселини и со тоа да го намали покачениот холестерол. Исто така во периодот на третман се препорачува промена на животниот стил односно да се прекине конзумирање на алкохол, да се конзумира здрава храна и голем број на витамини (антиоксиданти) и минерали како што се витамин Е, цинк, селен кој значително се губат при заболувања на црниот дроб.

М-р фарм. Невена Алимпијевиќ

* ПР - објава

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година