23 Април, 2024
0.0269

Законските измени ги блокираа фирмите: Работа со банките само со чисти досиеја

Објавено во: Економија 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Една македонска банка блокирала сметка на фирма со странски капитал  затоа што во досието немала копија од пасошот на еден од директорите на фирмата. Деновиве и други фирми во земјава се соочиле со истите проблеми. Пред две недели почна примената на новиот закон за спречување перење пари, па дел од блокадите се поврзуваат со новите одредби. Измените на законот предвидуваат задолжителна идентификација на носители на јавни функции,  а банките треба да го идентификуваат и да го верификуваат вистинскиот сопственик на секоја фирма и така да го продолжат деловниот однос. Дел од банкарите со кои разговаравме велат дека законски и до сега биле обврзани да прават проверки и да известуваат, но дека со новините опсегот на обврските се зголемува. Не потврдуваат дека има повеќе блокирани фирми, но велат дека секогаш кога нема да се пронајде крајниот сопственик, мора да се заштитат некако, па еден од начините е и блокада.

„Ги известуваме, но често и компаниите не се одговорни, па не ги доставуваат потребните документи. Поентата е да имаме точно досие со сите податоци, а ако се утврди дека тоа  не е така може да следи и интерна блокада, која веднаш се отстранува ако се достават потребните документи. Значи потребно е да се идентификува и верификува вистинскиот сопственик на правното лице – без тој предуслов не може да се продолжи односот со клиентот,  велат од голема домашна банка за Фактор.

Додаваат дека тие и досега ревносно ги ажурирале податоците за сите клиенти и за граѓаните и за фирмите. Ако станува збор за фирма, банката има право да одбие соработка со клиент ако оцени дека не ги поседува сите податоци од сопствениците и одговорните лица, а може и да блокира.

Она што е новина со измените сега е што се воведува задолжителнa идентификација на „носител на јавнa функциja“ поради што сите постоечки и идни клиенти на банките задолжително мора да пополнат изјава дали се носители на јавна функција или се лица поврзани со носители на јавна функција односно дали се политички изложени лица, по што банката врз основа на соодветна проценка на ризик одлучува за одобрување или за продолжување на деловниот однос со лицето.

Ова порано беше вметаното во законот, но било извадено за време на поранешната власт, а сега повторно е обврска. Се воведе оти се смета дека политичките изложени лица секако се поподложни на појавите перење пари и на корупција.

Граѓани кои сега одат на шалтери на банките мора задолжително да се идентификуваат и да се регистрираат ако сакаат да направат каква било транскација. Треба да покажат лична карта или пасош.

Новиот закон е усогласен со европските директиви. Освен овие измени содржи и дел според кој секоја трансакција над 2.000 евра мора да помине низ банка, а не да биде во готово. Пред корекцијата сумата беше до 15.000 евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска