18 Април, 2024
0.1812

Законот му дозволува на Дурмуш неговата фирма технички да ги проверува автобусите кои се во негова сопственост

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ чиј автобус во средата попладне излета од патот кај село Ласкарци и во смрт однесе 14 животи без проблем можел сам да си врши технички прегледи на возилата кои ги поседува.

Дурмуш Белули во истовреме е сопственик и на „Aвтомото здружение Гостивар“ од Гостивар или станицата за технички преглед. 

Во Македонија надзор и контрола над исполнетоста на условите за работа и над работата на Станиците за технички преглед на возила кои се задолжени да вршат проверки на исправноста на возилата врши Министерството за внатрешни работи и според оваа институција сопственикот на автобусите „Дурмо турс“ можел сам да си врши технички преглед притоа да нема ништо спорно во тоа.

Од МВР за Фактор објаснуваат дека последен надзор над исполнетоста на пропишаните услови за работа и над начинот на работа на Станицата за технички преглед на возила „АМЗ Гостивар“ од Гостивар е извршен на 06.08 2018 година.

„Станицата за технички преглед на возила „АМЗ Гостивар“ од Гостивар која е во сопственост на Белули е посебен правен субјект кој е овластен (од Министерството за внатрешни работи) да врши технички преглед на возила и согласно добиеното овластување, имајќи ги предвид одредбите од член 52 став 2 од погорепосочениот закон, за секој извршен преглед на возило издава Потврда за техничка исправност на возило“, велат од МВР.

Од МВР потенцираат дека согласно одредбите од член 62-а став 4, правното лице „АМЗ Гостивар“ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопственост на друго правно лице.

Истрагата за случајот кој ја потресе земјава е во тек. Засега нема официјални информации што би можело да биде причина за несреќата која се случи на патот Скопје-Тетово кон Гостивар.

Гостивар вчера се прости од загинатите а знамињата во градот под Шара и денеска ќе бидат спуштени на половина копје.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?