18 Април, 2021
0.0210

Захариева по средбата со Османи: Нека разберат дека нема сила пред која ќе попуштиме, ЕУ не е Југославија

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021

Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи вчера беше на средба со бугарската министерка Екатерина Захариева, а таа утрово гостуваше на БТВ. При гостувањето Захариева рече дека зборувале за идните средби на историската комисија и за тоа дека мора да се работи на нерешените прашања меѓу двете земји. Беше категорична дека ниту една земја членка на Европската Унија, ниту пак Соединетите американски држави ниту досега ниту во иднина не смее да и каже и да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни разговори за Македонија со ЕУ, ако тоа не го одлучи самата Бугарија.

„Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нас да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева.

Официјално беше исто така соопштено дека Османи и Захариева разговарале за „секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од Договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка.

Зборувајќи во врска со повикот на претседателот Румен Радев да ги брани интересите на бугарските граѓани во РСМ, таа рече дека доколку шефот на државата можеби не знае, но бугарските власти секогаш реагирале во одбранана Бугарите.

„Ние реагираме во одбрана на луѓето со бугарска самосвест таму кои се предмет на малтретирање или дискриминација. Дејствуваме секојдневно и на секој сигнал, не ја работиме својата работа само со соопштенија за печат. Јас и лично реагирам, праќаме демарш, па институциите во Македонија реагираат. Иако вистина е, од пред неколку месеци македонските власти започнаа да реагираат, но не можеме секогаш да ги потсетуваме. РСМ треба да ги штити правата на сите свои граѓани, вклучително и оние со бугарска самосвест, рече Захариева.

Претседателот на Бугарија Румен Радев побара одговор пред неколку дена од институциите во Бугарија и Република Северна Македонија на сигналите на неговите сонародници кои живеат во Македонија 

Позицијата на претседателот Радев, како што пишуваат бугарските медиуми, е мотивирана од писмото добиено од претседателството од етнички Бугари од Република Северна Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивната континуирана дискриминација во Македонија.

-Повеќе од сто илјади граѓани на Република Северна Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободна волја и документарно потврдување на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство. Очекуваме овие објективни факти да најдат израз во спротивставувањето на официјалните власти во РСМ против алармантните димензии на говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите во РСМ, се наведува во ставот на претседателот. Бугарите во Република Северна Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година, истакна шефот на бугарската држава.



Можеби ќе ве интересира

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Мирослав Богдановски е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој излезе од изолација за да гласа во Собрание

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Антонио Милошоски: За некои граѓани нема амбулантно возило, но за некои функционери има во секое време

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Заврши сагата, сите пратеници ги изгласаа законите за економска помош на граѓаните и компаниите

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Бојан Маричиќ: Позитивните пратеници на СДСМ се присутни во Собранието согласно сите протоколи

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

СДСМ собра мнозинство: 60 пратеници во сала и двајца во изолација во кабина

Пратеничката на СДСМ пристигна со Брза помош во Собрание

Пратеничката на СДСМ пристигна со Брза помош во Собрание

Жан Митрев: Го посетивме момчето што го доби новото срце, насмевките на докторите се доказ дека е во добра состојба

Жан Митрев: Го посетивме момчето што го доби новото срце, насмевките на докторите се доказ дека е во добра состојба

Пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер: Позитивна сум на Ковид-19 но денеска доаѓам во Собрание

Пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер: Позитивна сум на Ковид-19 но денеска доаѓам во Собрание