12 Септември, 2024
0.0239

ЗАГИНА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН, А СО НЕГО И БРАТ МУ И УШТЕ ДВАЈЦА СОПАТНИЦИ: Паднале со џипот во провалија длабока 300 метри во Босна

Објавено во: Балкан 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Трагична несреќа се случи денеска во местото Липничко брдо, меѓу Какањ и Вареш, а во неа животот го загубија четири лица, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Делта Петрол“.

Како што претходно објави „Аваз“ се работи за двајца браќа, а како што неофицијално дознава, се работи за Бакир Спахиќ, сопственик на фирмата „Делта Петрол“ и неговиот брат С.С., и уште две лица чиј идентитет не е познат.

Тие настрадале во теренецот кога паднале од шумскиот пат во провалија длабока речиси 300 метри. При превртување на возилото телата испаднале од џипот.

Истрагата се уште е во тек за да се утврдат сите детали за оваа страшна несреќа. Како што е потврдено, спасувачите на ГСС се на терен и ќе им помогнат на полициските службеници на местото на инцидентот при извлекување на телото од длабоката провалија.

За оваа трагедија се огласи и градоначалникот на Какањ, Мирнес Бајтаревиќ.

Тој излегол на местото на настанот за да ги координира активностите за цивилна заштита неопходни за извлекување на телата на жртвите.

- Ова е навистина голема трагедија. Какањ е во шок и неверување. Длабоко сочувствувам со семејствата и со многу луѓе кои се длабоко тажни откако дознаа за оваа тажна вест - рече градоначалникот Мирнес Бајтаревиќ.


Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА НАПРЕДУВА СО ТУРИЗМОТ: За шест месеци остварила рекордни 1,9 милијарди евра приход

АЛБАНИЈА НАПРЕДУВА СО ТУРИЗМОТ: За шест месеци остварила рекордни 1,9 милијарди евра приход

ПОЖАР НА СВЕТА ГОРА: Голем број пожарникари се борат со огнот

ПОЖАР НА СВЕТА ГОРА: Голем број пожарникари се борат со огнот

ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЛЕСКОВАЦ: Дел од таванот падна врз две девојчиња

ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЛЕСКОВАЦ: Дел од таванот падна врз две девојчиња

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПОТОП ВО ГРЦИЈА: Еве како изгледаше омиленото летувалиште на Македонците

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПОТОП ВО ГРЦИЈА: Еве како изгледаше омиленото летувалиште на Македонците

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ВО ГРЦИЈА: Итните служби бараат ограничување на движењето на островите

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ВО ГРЦИЈА: Итните служби бараат ограничување на движењето на островите

(ФОТО) НУРКАЧИ ГО ЧИСТЕА МОРЕТО ВО СОЛУН: Извадија „цел возен парк“ од тротинети и велосипеди

(ФОТО) НУРКАЧИ ГО ЧИСТЕА МОРЕТО ВО СОЛУН: Извадија „цел возен парк“ од тротинети и велосипеди

КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НЕКОЛКУ ЛИЦА: Тврдат дека навредувале и нападнале полицајци

КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НЕКОЛКУ ЛИЦА: Тврдат дека навредувале и нападнале полицајци

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Свирнаа предупредурачки пораки на телефоните на туристите

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Свирнаа предупредурачки пораки на телефоните на туристите

КОСОВО: Специјалци изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ

КОСОВО: Специјалци изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ