Загадениот воздух го скратува векот за 25 години?
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020
На лицата кои починале како последица од загадениот воздух во просек им е скратен животниот век за 25 години, што е сериозен индикатор за секој што е изложен на екстремно загадување.
На најголем удар се изложени жителите на Скопје и Тетово. Ова го покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје.
Од загаден воздух годишно умираат по 1.205 скопјани и 265 тетовци.
Светска банка неодамна истакна дека годишните трошоци на земјава поради здравствените оштетувања во просек изнесуваат 750 милиони долари.