25 Април, 2024
0.0270

Заев: Земјоделското земјиште нема да го носат ниту во Австралија, ниту во Америка

Објавено во: Економија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев смета дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, коментирајќи ги најавите на опозицијата за блокирање на Законот за земјоделско земјиште. Цената ја утврдува Владата, а не може да биде пониска од 0,30 евра по метар квадратен ниту повисока од 1 евро по метар квадратен, стои во првичната верзија на Законот за продажба на земјоделско земјиште која е прикачена на ЕНЕР.  Министерството за земјоделство го подготвува и чека коментари на решението, кое уште неизлезено предизвика лавина реакции. 

- Лесно е да блокирате. Главен предуслов за развој на оваа стопанска гранка е сопственоста на земјоделското земјиште, ако сакаме да бидеме рамо до рамо со регионот и со светот. Не постои инвеститор, не постои никаква можност за дополнителен развој без сопственост над земјиштето. Земјиштето нема да го носи никој ниту во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа. Тоа е тука. Прашањето е дали ќе биде ресурс за развој или не. Нека има дебата, но дефинитивно имаме силни аргументи. Ако сакаме да растеме во бруто земјоделското производство, во смисла на максимилизација и компетитивност, неопходно е земјоделското земјиште да биде дадено во сопственост на инвеститорите, рече денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот на прес-конференцијата во велешко рече дека државата не го прави ова заради пари во буџетот. 

- Парите се релативна работа. Парите од продажбата ќе одат за гасификација и за помош за локалните самоуправи, рече Заев и додаде дека земјиштето нема да се продава на странци, нема да може да се урбанизира и да се препродава извесен период.

Заев рече дека во моментов ниту една една банка не сака да ги кредитира земјуоделците, доколку земјиштето кое го работат е на државата.

- Лозовите насади во Италија и Шпанија се сите приватизирани, а кај не се, во Турција градинарските насади се сите приватизирани, а кај не се. Како тогаш ќе се борат нашите земјоделци, прашуав Заев.

Министерот за земјоделство, шумарско во водостопанство Аријанит Хоџа рече дека од странците ќе имаат право државно земјиште да купат само стратешките инвеститори кои ќе вложат најмалку 30 милиони евра во истото.

- Законот од 2013 беше недоречен и имаше комиисии кои земаа плати за продажба на државно земјоделско земјиште,  а не се продало никакво земјиште. Им се даваат права на земјоделците, без разлика дали тие се богати, или не. Има земјоделци со над 9.000 договори под закуп, има меѓу нив со по еден, три, десет хектари. 

Доколку нема да сакаат да го купат, тие ќе продолжат со закупот. Законот е јасен, прецизен и безбеден. Има една цел, не само инкасирање на средства, туку и развојна компонента во економијата. Прв пат на најтранспарентен начин се прави ваков закон, за кој ќе има јавни дебати по региони. Се што е аргументирано, ние ќе го прифатиме, објасни Хоџа.

Тој додаде дека во моментов во Македонија има над 110.000 хектари слободни.државни површини кои може да бидат земјоделски обработувани.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија