ЗАЕВ ЗАДОВOЛЕН ОД РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ: Мерките на Владата ги даваат своите резултати
Објавено во: Економија 20 Август, 2019
Премиерот Зоран Заев е задоволен затоа што просечната плата во земјата расте, како што објави Државниот завод за статистика.
Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати, напиша премиерот Заев на Фејсбук.
„Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот“, напиша тој.
Во јуни 2018 години просечната нето плата изнесувала 24 203 денари.Заев претходно изјавуваше дека 2019 ќе биде економска година.