ЗАЕВ ЗА ОСТАВКАTA ЗА КОЈА ПИШУВАА МЕДИУМИТЕ: Сите опции беа во мојата глава
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019
Сите опции беа во мојата глава, јас го почувствував гневот, рече премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција за тоа дали планирал да си даде оставка, како што пишуваа одредени странски медиуми.
Вели дека намерно осатвил вчера да помине денот, да направи консултации, за денеска да се обрати до народот. Заев рече дека сега народот ќе одлучи, дали треба да продолжиме во насока како и досега.
За тоа кога ќе се одржат изборите, рече дека сите опции се отворени, и утре сака да го слушне мислењето и од опозицијата која бараше избори.