19 Април, 2024
0.0277

ЗАЕВ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОЗОВО - оваа недела сигурно ќе реагирам, јас сум служител на сите граѓани

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска упати сериозна порака до градоначалникот на Лозово, но и до другите градоначалници во земјава.

Тој порача до градските татковци да не му изигруваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено.

Ова тој го одговори на новинарско прашање како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

„Првиот пат кога беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и тој ми даде соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Со новите настани не сум запознаен. Оваа недела сигурно дека ќе реагирам затоа што јас сум служител на нашите граѓани и сакам да бидат секогаш во нивна заштита. Граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна одговорна функција како градоначалник на општина Лозово, не знам детали, не можам да инсинуирам што било, но дефинитивно ќе се заинтересирам за случајот и прва прилика ќе дадам коментар“, рече Заев.

Инаку, градоначалникот на Лозово во последниов период беше предмет на интерес на јавноста, по бројните поплаки за мобинг од вработени во општината, но и проблемот со наградната игра во општината.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?