29 Март, 2024
0.0265

Заев во понеделник ќе се сретне со македонските историчари

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Зоран Заев в понеделник ќе се состане со македонските историчари од мешовитиот комитет на експерти кој треба да најде заеднички јазик со бугарската страна согласно договорот за добрососедство со Бугарија. Ова го потврди шефот на македонската Влада во заедничката изјава за медиумите со премиерот на Словенија, Марјан Шарец.

Во моментов жешки теми се идентитетот на револуционерот Гоце Делчев и средновековието отксако последната средба на историчарите во септември беше оценета како неуспешна.

- Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Овие денови ќе имам контакти со Бојко Борисов, нашите министри се во постојана комуникација. Бугарија ќе биде најгласниот поддржувач за отпочнување на преговорите со ЕУ. Јасна ми е дебатата и во Македонија и во Бугарија за нашиот револуционер. Во понеделник ќе имам состанок со комисијата, која пак на 15 октомври ќе има средба во рамки на комитетот. Да го отвориме патот за младите, за децата, за идните генерации, рече Заев.

Седмиот по ред состанок кој се одржа во Софија од двете страни беше квалификуван како најбесполезен и најнеспокоен до сега. Ден по средбата, предводникот на македонскиот тим Драги Ѓеоргиев рече  дека таа поминала во тензична атмосфера, а клучен камен на сопнување бил средниот век и поимите кои ги користат бугарските историчари во нивните учебници за територијата на земјава.

Државниот врв, Вадата и Собранието на Бугарија одлучи да и даде поддршка на Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со поставени „црвени линии“ кои ќе треба да се реализираат во текот на отворањето на поглавјата.


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата