29 Март, 2024
0.0267

Заев: Жалам што поделеноста во дијаспората е поголема отколку во Македонија за референдумот

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

„Јас жалам што поделеноста во дијаспората е поголема отколку во Македонија во однос на референдумот. Во Македонија граѓаните со во огромно мнозинство „за“, но верувам и голем дел од опозицијата ќе бидат „за“ и ќе успее референдумот. Нашата дијаспора ни е исто толку важна како и дома. Во суштина не гледам зошто би морало да има ваква поделеност. Јас би сакал да апелирам до сите сите наши сограѓани кои живеат во Америка, но и насекаде во нашата дијаспора, дека Македоија ја исполнува вековно очекуваната аспирација на нашите татковци и дедовци. Тоа е конечно да добиеме земја што е признаена од целиот свет, во која живее македонски народ признаен од сите, со потврден идентитет кој никој повеќе нема да го спори и со потврден и признаен од целиот свет македонски јазик. Никој повеќе нема да го спори македонскиот идентитет! Сите треба да бидеме горди на тоа.

Го споделувам немирот со нашите од дијаспората дека додавката „северна“ во името не се прима лесно. Но нема друга Македонија освен нашата. Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е само наша Македонија и нема да има друга во светот. А знаејќи каква преспектива и иднина обезбедуваме за државата, но пред се за нашите деца и за генерациите после нас, верувам дека ова е навистина сериозна причина да се обединиме. Со овие зборови сакам да ги мотивирам сите. Без разлика дали сме пријавени и дали сакаме да гласаме или не, сметам дека на Македонија и е насушно потребна поддршката од дијаспората. Но, овојпат е важно сите, без разлика кај и да сме, дома или во Австралија, Канада, Америка или Европа – сите да дадеме поддршка на она што значи единствена алтернатива за нашата Македонија“-вели премиерот Заев одговарајќи на прашањето кој е неговиот впечаток од македонската дијаспора во Северна Америка за референдумот ако се знае дека има поделеност околу прашањето за влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Делегација предводена од премиерот Зоран Заев синоќа беше во официјална посета на Белата куќа каде имаше средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс а Заев даде кратко интервју за МИА веднаш по средбата со Пенс кое може да го прочитате тука.

Извор/Фото: Миа

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?