29 Март, 2024
0.0269

Заев по оставката на Богоевски: Човек што си ја сака земјата до небото

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев ја поздравува одлуката на пратеникот Павле Богоевски да поднесе оставка на функцијата и смета дека е храбра и во функција на понесување  одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока.

„Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на  неговото извршување на обврските пред граѓаните, пред институцијата и  државата. Секогаш кога одреден дел од неговиот приватен живот нема влијание врз извршувањето на работите сметам дека е добро и тоа го искоментирав. Но, тоа е негово право на лична и морална одлука и јас ја поздравувам оставката“, рече Заев.

Тој посочи дека Богоевски е одличен пратеник и еден од симболите на Шарената револуција, поради што, нагласи, ќе му биде задоволство да продолжи да работи со таков човек и во иднина.

„Како и да одлучи и во кој сегмент од својот живот да работи мене ќе ми биде драго да соработувам со човек што си ја сака земјата до небото и сака  да се вгради во нејзиниот успех. Верувам дека ќе изнајдеме начини за идни соработки“, потенцира Заев.

Прашан дали очекува пратениците да му го одземат мандатот на пратеникот Никола Груевски посочи дека Уставот  и Деловникот на Собранието се многу јасни и дека станува збор за чист случај поради што очекува да се постапи согласно Деловникот.

„За чистите случаи барам да нема политиканство. Имаме бегалец надвор од државата кој добил азил надвор од меѓународните стандарди. Верувам дека најмалку што треба да направи Парламентот е да  ја донесе принципиелната одлука. Тоа не значи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му мислат  лошо и за нив е непријател.  Одлуката е принципиелна и треба да се почитува Уставот и Деловникот. Очекувам да се постапи согласно Деловникот зашто тоа им го должиме на граѓаните“, посочи Заев.


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата