26 Септември, 2020
0.0416

Заев: Петте илјади амандмани и ако се од ДУИ - се „ту мач“, ќе анализираме колку е одржлива коалицијата

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Петте илјади амандмани од ДУИ се навистина ту мач, смета премиерот Зоран Заев за помалиот коалиционен партнер во Владата, кој за промените во Изборниот законик со кои треба да се изгласа една изборна единица, поднесе огромен број амандмани. За премиерот Заев ова е сигнал до СДСМ дека треба да размисли сериозно дали и колку и понатаму е одржлива коалицијата со ДУИ. 

Ова ДУИ го направи откако и опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе дури 9.000 амнадмани за изборниот законик. 

Според премиерот, со моделот една изборна единица, губат големите партии, и СДСМ, а и ВМРО-ДПМНЕ. Но, вели премиерот, така добива државата, а со тоа добиваат и сите партии, малите, добива демократијата, и се отстранува можност за автократско однесување. Со овој модел партиите ќе заштедат пари, бидејќи не е исто да се финансира кампања со шест илјади изборни единици и шест носители, со една изборна единица и со еден носител, што чини многу помалку. 

„9.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ значат блокирање на овој процес и страв дека ќе има оформено мнозинство да се донесе новиот изборен модел. Нас ни останува да се бориме, сите што мислиме дека формираме повеќе од 60 пратеници, да се бориме за овој модел - за една изборна единица“, рече премиерот. 

Но, нагласува, кога гледаме дека има 9.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ поднел 5.000, а се партнер во Владата, што треба да мислиме за коалицијата, колку е таа одржлива. 

„Можам да разберам колку ќе добие ДУИ и Албанците, но да поднесат толку амандмани, кажете ми што да мислам. Што да мисли народот за коалицијата, колку е таа одржлива или не. Навистина ова е сериозна причина за сериозни размислувања што СДСМ ќе ги отвори“, рече Заев.

На прашањето дали се подготвува нова коалиција, тој одговори дека пораките се примени.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ поднесува 9.000 амандмани, тие имаат сериозна извесност и да блокираат. Се надевам ќе направиме се, за да се донесат овие одлуки. Ако има мнозинство, добро, ако не, мнозинството ќе преовлада со спречување на една изборна единица. Тоа е демократијата, тоа е убавината. Ние веруваме во една изборна единица, нашиот партнер ДУИ, не верува. И океј е да не верува, но кога гледа дека веројатно за тоа ќе се обезбедат 64 гласа, тогаш може да остави тоа ВМРО-ДПМНЕ да го блокира. Е сега 5.000 амандмани, е навистина лоша порака, е навистина ту мач. Јасно е дека кампања, но сериозните пораки што се упатуваат до нас, мора да ги разгледаме“, беше дециден премиерот Заев. 

(Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНА: Денеска силен ветер и дожд

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНА: Денеска силен ветер и дожд

Млад скопјанец на сред бел ден украл ланец од жена на улица, ама немал „среќа“ со него

Млад скопјанец на сред бел ден украл ланец од жена на улица, ама немал „среќа“ со него

Пахор: Словенија ја поддржува Северна Македонија за нејзин напредок и полноправно членство во ЕУ

Пахор: Словенија ја поддржува Северна Македонија за нејзин напредок и полноправно членство во ЕУ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дрвокрадци претепале полицајци, суспендирани полициските службеници кои претепаа човек во Битола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дрвокрадци претепале полицајци, суспендирани полициските службеници кои претепаа човек во Битола

Неколку лица се приведени за нападот на Љупчо Палевски

Неколку лица се приведени за нападот на Љупчо Палевски

Во еден македонски град има само еден активен случај на коронавирусот

Во еден македонски град има само еден активен случај на коронавирусот

KOВИД -19: Во болнички услови се починати 9 лица

KOВИД -19: Во болнички услови се починати 9 лица

Рестриктивните мерки на готовс ако состојбата се влошува и понатаму: Први на удар ќе бидат повторно кафулињата?

Рестриктивните мерки на готовс ако состојбата се влошува и понатаму: Први на удар ќе бидат повторно кафулињата?

Реакција од конфекцијата „Анел“ од Валандово

Реакција од конфекцијата „Анел“ од Валандово