19 Април, 2024
0.0306

Заев: Опозицијата слободно да се радува на одлуката за преговори со ЕУ

Објавено во: Македонија 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето јавување во емисијата „Утрински брифинг“ ја повика опозицијата, како што вели тој, слободно да се израдува на успехот со доделувањето на почеток на преговори од страна на Европската Унија.

„Очекував честитка, затоа што ова беше борба која ја воделе сите генерации, сите политички гарнитури, сите влади, од кои некои повеќе некои помаку. Ова беше процес кој започна во 2001 со Договорот за стабилизација и асоцијација, а потоа и во 2005 со кандидатскиот статус. Треба да се радува и опозицијата. Имаме ние други битки со нив, но вчера беше ден на радост. Опозицијата требаше да најде доблест да честита“, рече Заев.

Лидерот на владеачката партија со извесна доза беше критичен и кон Брисел и порача дека вчерашната одлука требало да биде донесена многу порано.

„Овој парламентарен состав ги исполни двете најголеми стратешки цели на државата, а Европа конечно ја исправи историската грешка. Навистина направија грешка. Еднаш ни одложија 2018, па ни одложија во 2019 во јуни и октомври. Проблемот беше пакетот со Албанија. Се ни е јасно. Тоа беше неправда кон нашиот народ, но ете сега едногласно, консензуално во ситуација на канцеларии под изолација, на заразени премиери, во едни такви околности министерскиот совет на ЕУ ја донесе одлуката“, додаде Заев.

Тој најави дека во следниот период ќе следува зголемување на професионаниот капацитет на преговарачките тимови за отворањето на поглавјата кои треба да се исполнат. 

„Верувам дека до 2024 ќе бидат отворени 80 отсто, а голем дел и затворени. Тоа ќе значи и поголем економски стандард и начин на живот за граѓаните“, смета Заев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите