20 Април, 2024
0.0316

Заев му се налути на Османи за координативното тело

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев индиректно порача дека му се лути на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи затоа што свика координативно владино тело за имплементација на Законот за употреба на јазиците само со министри од ДУИ, но не и од СДСМ и од другите коалициони партнери.

- Има криза заради тоа што некои политичари сакаат да се китат и со туѓи перја. Овој закон не е на ДУИ, овој закон е и на СДСМ, на Зоран Заев, на Беса, на сите што сме внатре, турска, пензионерска партија....Сите го поддржавме, сите го гласавме и мора да биде во духот на „Едно општество за сите“. Не ми требаат мене националими од ниедна страна, затоа што кога повикав да одработиме како партнерство за државата, една од работите за кои што се согласивме е да градиме едно општество за сите. Како што јас како Македонец внимавам на моите сограѓани Албанци, така и колегите Албанци треба да внимаваат на сограѓаните Македонци - рече Заев во синоќешното телевизиско гостување на Алсат.

Тој потврди дека и СДСМ ќе формира свое координативно тело затоа што Законот а употреба на јаиците бил и нивни производ. Покрај Османи, на координацијата присуствуваа и Министерот за образование, Арбер Адеми, пратеникот, Артан Груби, поранешниот министер за правда, Билен Салији, како и останати претставници на институциите и експерти. Потоа вицепремиерот изјави дополнително дека телото ќе се проширува со други функционери.

Заев додаде дека законот како стапен на сила ќе започне да се применува уште на следната владина седница.

- Секој министер Албанец ќе може да слуша превод со слушалки и ќе може да си го користи законското право да зборува на Албански. Веќе му дадов насоки на владиниот генерален секретар. За владините седници не се потребни посебни подготовки и подзаконски акти. Ние сме првите кои треба да дадеме пример - порача Заев.

На претходно прашање одговори дека не не наметнал меѓукоалиционен проблем одлуката на владата да го испрати законот на мислење во Венецијанската комисија, посебно за членот 8 за употребата на албанскиот јазик како службен на банкнотите и полициските униформи. Од ДУИ барале да не се избрува со оваа одлука или да се испратат само делови од законот, но премиерот инсистирал дека не треба да „се работи шверцерски со овој акт“.

- Мораме да видиме дали членот 8 е во согласност со европските прописи, бидејќи нашите службеници од бебедносните органи учествуваат и во задачи во странство, а исто така и националните банкноти циркулираат во странство - наведе Заев.

Инаку Османи во понеделникот ијави дека е против идејата за брзо испраќање на законот на мислење во Венецијанската комисија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите