04 Август, 2020
0.0405

Заев: Можна е постизборна коалиција со ДУИ, комуницирам со Алијанса и Алтернатива

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020

Изборната парола на ДУИ за прв премиер Алабанец e комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, која била присутна во времето на Груевски и Ахмети, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Миа. Сепак не исклучува можност за постизборна коалиција со ДУИ, доколку партијата се откаже од ова условување.

Прв услов за предизборното коалицирање со БЕСА бил заборавање на национализмот.

„Со БЕСА имавме три недели речиси секој ден по неколку часа разговори додека ги усогласиме сите ставови, политички и програмски определби. Денеска имаме заедничка програма, која што се вика „Можеме“ и таму зборуваме за сите вредности. Прв услов беше да го заборавиме национализмот, да ја промовитраме еднаквоста во општеството, борбата за секој и неговите права, комплетно се работи за млади луѓе, кои се комплетно растеретени, нормално најголем дел се од албанската етничка заедница или речиси се целосно од албанската етничка заедница и сакаат за својата заедница еднаквост  и рамноправност и во правата и во обврските, вели Заев во интервјуто за МИА. 

Очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна коалиција, но не исклучува можност и за коалицирање со други партии, а во постојана комуникација за можна постизборна коалиција се со Алијанса на Албанците и Алтернатива. 

Целото интервју со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со видео материјалот, МИА ќе го објави утре.

Можеби ќе ве интересира

ПЕДАЛИНКАТА БЕШЕ ИСПРАВНА И НЕ СЕ ПРЕВРТИ - се јави сопственикот, по момчето уште се трага

ПЕДАЛИНКАТА БЕШЕ ИСПРАВНА И НЕ СЕ ПРЕВРТИ - се јави сопственикот, по момчето уште се трага

АПАСИЕВ ПАК БРАНУВА: Бравата ќе ја смениме, чим им влеговме, нема излегување

АПАСИЕВ ПАК БРАНУВА: Бравата ќе ја смениме, чим им влеговме, нема излегување

ХУМАНОСТ: Вработените во Иутекредит даруваа крв

ХУМАНОСТ: Вработените во Иутекредит даруваа крв

(ФОТО) НЕКОИ ЗА ПРВ ПАТ СТАПНАА ВО СОБРАНИЕТО, ДРУГИ СЕ ОДОМАЌИНЕТИ, ТРЕТИ ЌЕ БИДАТ МИНИСТРИ - пратениците влегоа во Парламентот

(ФОТО) НЕКОИ ЗА ПРВ ПАТ СТАПНАА ВО СОБРАНИЕТО, ДРУГИ СЕ ОДОМАЌИНЕТИ, ТРЕТИ ЌЕ БИДАТ МИНИСТРИ - пратениците влегоа во Парламентот

КОИ ЌЕ БИДАТ НОВИТЕ МИНИСТРИ - почнуваат преговорите за пополнување на Илинденска

КОИ ЌЕ БИДАТ НОВИТЕ МИНИСТРИ - почнуваат преговорите за пополнување на Илинденска

ОД ДЕНЕСКА ПА ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА - исплата на социјална и детска заштита

ОД ДЕНЕСКА ПА ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА - исплата на социјална и детска заштита

ВО СОБРАНИЕ ДЕНЕСКА НЕМА НИ РУЧЕК НИ КАФЕ - мора да се почитуваат мерките за заштита

ВО СОБРАНИЕ ДЕНЕСКА НЕМА НИ РУЧЕК НИ КАФЕ - мора да се почитуваат мерките за заштита

УСПЕШНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИТЕ НА БУБРЕЗИ: Двајцата пациенти закрепнуваат на Клиниката за урологија

УСПЕШНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИТЕ НА БУБРЕЗИ: Двајцата пациенти закрепнуваат на Клиниката за урологија

Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче

Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче