20 Април, 2024
0.0276

Заев: Мицкоски е квазипатриот, ние отвораме пат до ЕУ

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

За две и полгодини отворивме 64.000 работни места, за четири години ќе отвориме 100.000, за да ги задржиме младите дома, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на  трибината синоќа во Крива Паланка. 

„Пред неколку дена ЕУ ја отвори преговарачката рамка, а зошто токму на дестина дена пред изборите, па затоа што тоа нуди прогресивна политика, а тоа нека им биде јасно на квази-патриотите Мицковски, Јанушев и останатите. Тоа е прв официјален чекор дека македонскиот јазик ќе биде службен јазик во ЕУ, дека целото Европско законодавство ќе се преведе на македонски јазик, а нашиот јазик ќе биде достапен во европските библиотеки и ќе се изучува и во Рим, и во Виена, и во Берлин. Во септември-октомври пак, кога ќе ги отвориме поглавјата, како што ќе се затвораат кластерите, етапно ќе се отвораат фондовите, кои ќе ни бидат достапни како на сите земји-членки на ЕУ. Се тоа за нашите и ваши деца, за младите, за идните генерации, зашто сите не боли што се надвор, во туѓина. Тоа ќе го промениме, и вратите на НАТО и ЕУ што ги отворивме, нема да дозволиме да ни се затворат, нема назад во изолација, рече Заев пред кривопаланчани. 

Тој посочи дека за две и полгодини се зголемиле просечната и минималната плата, а порача дека во следниот мандат, просечната плата ќе достигне 34.000 денари, додека минималната ќе биде 20.000 денари.  На трибината говореше и Венко Филипче, претседател на комисијата за здравство на СДСМ, кој рече дека борбата со Ковид-19 покажала дека она што го правеле во изминатите две и полгодини, вложување во медицинскиот кадар, се покажало како клучно за одржлив здравствен систем. 


Во Крива Паланка со централниот караван на коалицијата „Можеме“ присуствуваа и заедничкиот носител во ИЕ 3, Јагода Шапхаска, како и кандидатите за пратеници во оваа изборна единица Маја Морачанин, Илија Николовски, Љупчо Балкоски.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители