24 Април, 2024
0.0265

Заев ќе ја посети зоната за која Владата даде 20 милиони денари за инфраструктурно уредување

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ќе ја посетат индустриската зона во близина на село Речица за која Владата кон крајот на минатата година одвои 20 милиони денари за инфраструктурно уредување. Заев и Димитриевски ќе извршат увид во градежните активности кои се спроведуваат во зоната, а ќе остварат и средба со дел од бизнис заедницата од Куманово што во изминативе месеци пројави интерес за изградба на капацитети во зоната, лоцирана во близина на автопатот кон Србија.

Во средината на летово, средствата што Владата и ги префрли на општината за инфраструктурно уредување на зоната, Општината Куманово ги искористи за избор на компанија изведувач на градежните активности. На тендерот со проценета вредност од 20 милиони денари се пријавија пет компании, а беше изберена кумановската компанија „Кооп Инжинеринг“ која го доби тендерот за 17,1 милион денари со вклучен ДДВ. Заштедените средства, информираше тогаш, кумановскиот градоначалник, ќе се реинвестираат во изградба на зоната. Во моментов во зоната интензивно се одвиваат градежни активности.

Зоната  се наоѓа во близина на автопатот Табановце – Куманово и зафаќа површина од 60-тина хектари. Индустриската зона се наоѓа на атрактивна локација, до автопатот E-75 „Пријателство“, на пет километри до границата со Србија. Зоната има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стовариште.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?