29 Март, 2024
0.0257

Заев ќе ги донесе ИКЕА и Блекстоун, Мицкоски најави три големи странски инвестиции

Објавено во: Економија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - Зоран Заев и Христијан Мицкоски на својот последен синоќешен ТВ-дуел најавија по големи инвестиции во Македонија по парламентарните избори на 15 јули.

Заев ги најави ИКЕА и „Блекстоун“, додека Мицкоски не лицитираше со имиња, но рече дека во првите 100 дена од новата влада ќе бидат објавени три големи мултинационални компании.

Веќе има медиумски информации дека шведскиот бренд ИКЕА е заинтересиран да инвестира во Македонија, додека „Блекстоун“ би можел ги складира стоките од пристаништето од Солун.

Дополнително Заев рече дека „Фреш фуд“ рече дека во 10 града прави инвестиции од 100 милиони евра за откупување на домашно македонско пиле за потребите на КФЦ, а со компанија „Еколог“, ќе се потпише договор за стратешки инвеститор, затоа што, како што вели тој, ќе вложи 300 милиони евра во инвестиции.

Од друга страна, Мицкоски рече дека имињата на компаниите кои би ги привлекла ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат кажани на, како што рече, првиот ден во експозето кое ќе го даде како премиер. 

„Тоа ќе бидат сериозни мултинационални компании кои ќе инвестираат сериозен капитал“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра