24 Април, 2024
0.0263

Заев ја започнува акцијата „600 илјади багреми“ на автопат

Објавено во: Економија 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска попладне премиерот Зоран Заев заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ќе бидат дел од акцијата за засадување садници долж автопатот Миладиновци - Штип.

Според претходните најави, треба да се засадат вкупно 600.000 багреми на косините долж најновиот автопат во Македонија. 

Автопатот Миладиновци-Штип доцна летоска свечено беше пуштен во употреба. Претходно беше пуштен за сообраќај на 5 јуни. На свеченото отворање Заев ги најави 600-те илјади садници багрем.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри, кој чини 177 милиони евра, почна да се гради во февруари 2014 година и оригинално требаше да биде готов до март 2017.

Багремите се сметаат за најевтино долгорочно решение на ерозијата и распаѓањето на земјата од страните на автопатот.

На површина од 30 хектари, треба да се засадат околу 600,000 садници, а веќе е избран изведувач на тендер, фирмата „Хорти Дизајн“. Цената е околу 215 илјади евра. Багремот се сади на есен и е корисен во спречувањето на свлечиштата на новите делници.

Пошумувањето треба да заврши најдоцна пролетта 2020 година, но тоа ќе зависи и од временските услови во сезоните за пошумување.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?