25 Април, 2024
0.0271

Заев и Анѓушев: Ова е најрадикална и најмасовна акција на Владата против загадувањето

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Исплатата на 10 милиони евра за домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево за купување на инвертер клима уреди е најрадикалната и најмасовната мерка на Владата до сега против загадувањето, рекоа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција.

Електрани на РСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) ќе одвои од сопствените средства 618 милиони денари за 10.000 домажинства, од кои 5.200 во Скопје. Секое домаќинство ќе добие по 1.000 евра за да го купи овој уред во замена за стариот на фосилни и тврди горива. Предност ќе имаат тие семејства кои немаат повисоки месечни приходи од 30.000 денари.

- Најголемите концентрации се во зимскиот период за грејната сезона. Греењето со инвертер клима-иреди е најеколошки начин на греење и со сегашните цени е далеку најевтино. За 60 метри квадратни загревањето ќе чини 11.735,  Овие градови како најпогодени од загадувањето се прва фаза, а понатаму ќе следуваат и други градови со висока емисија на ПМ10 и ПМ2,5 и јалерод диоксид АД Електрани на Северна Македонија покажа високо чувство на општествена одговорност.  Секое домаќинство ќе има 1.000 евра што е сосема доволно за оваа мерка. Понатаму ќе тежнееме да биде целосно елиминирано користењето на печки на фосилни, односно тврди горива .и во следните години да ги тргнеме тегобите во градите од загадениот воздух, рече Заев.

Вицепремиерот Анѓушев додаде дека паралелно со оваа мерка, продолжуваат и другите активности против загадувањето. Оваа мерка не е задолжителна, но во иднина законски граѓаните ќе мора да ја применуваат преку закон, секако, ако државата им понуди алтернатива.

- Не е задолжитечна оваа мерка, таа е доброволна, и секој ќе може да аплицира. Аплицирањето ќе биде максимално поедноставено и со информатичка платформа за избегнување на гужвите. Ќе мора да го вратат старото грејно тело и ќе добијат вредносен бон за инвертор. Ова не е замена за гасификација, ние ќе ја стимулираме топловодната мрежа во Скопје и Битола. Мораме да стартуваме со порадикални мерки како оваа кои во иднина ќе прераснат во законски решенија, наведе Анѓушев.




Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди