Заев го поздрави повлекувањето на одредени членови од работните места - што е со Бектеши?
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019
Се коригираат слабостите по укажувањата од јавноста, а веќе е побарана помош од граѓански организации за поставување систем на вредности, изјави денеска премиерот Зоран Заев, за постапувањето на функционерите по неговиот повик за повлекување од работните позиции по реакците за јавноста за непотизам.
Премиерот рече дека неговиот повик се однесува за сите функционери, а секој има и политичка и етичка одговорност за постапките.
„Секој ќе си ја сноси својата одговорност на постапките, има и политичка и етичка одговорност“ – рече премиерот Заев, одговарајќи на прашање за изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши, дека нема да побара од сестра му да даде отказ.
Заев ги поздрави позитивните примери на повлекување на одредени членови кои се блиски на функционерите.
Бектеши за медиумите изјави дека нема да побара од неговата сестра да го напушти новото работно место во АД МЕПСО, односно да го следи примерот на пратениците Костадин Костадинов и Горан Мисовски, чии мајка, односно син повеќе не се вработени во државните институции.
Наведе дека во неговото министерство нема вработено ниту еден негов близок или роднина.