24 Април, 2024
0.0278

Заев: Ги разрешив сите претседатели на општински ограноци, кој бил добар нека конкурира повторно

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска изјави дека како претседател на СДСМ донел одлука да ги разреши сите претседатели на општинските комитети на владеачката партија и да се спроведе изборен конкурс. Шефот на македонската Влада рече дека сите разрешени ќе имаат право да конкурираат, а тие што задоволиле ќе бидат одново избрани.

- Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка, изјави Заев.

Ова е првата генерална „метла“ што ја најави Заев по претседателските избори, а во една прилика исто така спомена дека ќе има радикални промени во самиот СДСМ. Станува збор за вкупно 78 „обезглавени“ општински организации. 

Засега „чистката“ е само на партиско ниво, а на државно ќе биде во јуни. Почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции, најави денеска премиерот.

- Во политичкиот дел во мојата партија каде јас сум директно надлежен, а тоа е во изборот на претседатели на општински организации, одлуката веќе ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството заради тоа што тоа е мое право, конечната олдука е токму таа, рече Заев. 

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право