28 Март, 2024
0.0262

Заев ги пофали граѓаните за препораката на ЕК - Што е следно?

Објавено во: Анализа 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Сите заслуги за добиената чиста и безусловна препорака на Европската комисија за започнување на преговорите за членство во ЕУ, премиерот Зоран Заев им ги препиша на граѓаните на Република Македонија кои допринеле да се надмине големата политичка криза и дека со ова треба сите да се гордеат. 

„Никој да не се сомнева. Најголемата заслуга за овој напредок, за ова успешно спроведување на реформските процеси и ова препознавање на вредноста на реформите ја имаат граѓаните на Република Македонија. Владата посветено и одлучно ги сработи реформите. Но, одлуката да се стави крај на една штетна, погубна политика и да се отпочне нова реформска и прогресивна страница на нашата иднина – ја донесоа граѓаните. Граѓаните се бореа за демократија, напредок, слобода и правда. Тие избраа нова власт и ја задолжија оваа власт да спроведе итни реформи. Власта послуша и се фати за работа“ изјави Заев.

Секако, премиерот потсети и на тоа што ќе биде потребно да се работи во наредниот период бидејќи со препораката на Европската комисија не завршуваат нашите европски интеграции. Македонија сега обезбеди силни аргументи дека не заслужува повторно да биде блокирана и условувана во Европскиот совет, телото составено од премиери и шефови на држави на земјите членки на ЕУ, 

Во изминатите десетина години кога добивавме препораки за започнување на преговори токму тука Грција го користеше своето право на вето и го блокираше започнувањето на преговорите за членство, каде пак кога се отвараат 33 различни поглавја за усогласување исто така на секоја попатна станица има неограничени можности да ја блокира Република Македонија. 

Во годишниот извештај на ЕК нотираните се и повеќе забелешки за нашата држава на кои Владата на РМ ќе мора сериозно да се посвети и да ги отстрани наредната година, а во меѓувреме да ја „капитализира“ досегашната дипломатска активност за да добие барем нешто во претстојниот период, некаков европски „модус операнди“ со кој ќе го продолжи животот на европските интеграции со избегнување на грчките блокади и уцени. 

Ни претстојат посети на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и европскиот комесар за проширување и добрососедска политика. Не  е тешко да се прогнозира дека меѓу другото ќе се потенцира дека потребно е решавање на спорот за името со Грција за да не дојде до нови блокади на европскиот „моментум“ и дека треба да се работи уште повеќе на реформите и на усогласување на македонските стандарди со европските на полето на правото и економијата, како и на демократските институции, а секако ќе добиеме и некое „тапшање по рамо“ за досега сработеното. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот