29 Март, 2024
0.0270

Заев до администрацијата: Нема кој да плаќа даноци, не дај боже да кратиме на болниците и аптеките

Објавено во: Економија 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку емисијата „Утрински брифинг“ се обрати до вработените на јавниот сектор и им порача дека неговиот предлог за кратење на платите на ниво на миниманата се прави во време на криза за да може да функционираат болниците и аптеките.

„Популистите и ориентирнаи кон политички поени калкуираат со гласовите, но некој треба да води грижа за државата. Ние се бориме на пазарот на гласови, но кога доаѓа тешко време треба да се соопштат непопуларни мерки. Главниот пакет мерки беше како да се помогне економијата. Ние направивме алокација на 200 милиони евра. Приватниот сектор ги плаќа давачките и го полни буџетот. Ова кратење е само одговорниот втор чекор што државата мора да го направи, а првиот е непродуктивните трошоци. Ако ваквите солидарни мерки се прифатат, поспремно ќе се справиме со кризата. Треба да знаат граѓаните дека приходите на граѓаните паднаа драстично. Почетокот на април ќе бидат помали за 30 до 40 отсто. Нема даноци и давачки кои се плаќаат во државата. Транспортот е преполовен,. а голем број капацитети се или затворени или хибернираат. Тоа треба да го признаеме, а не да бидеме популисти. И малите деца го знаат тоа.

Во моментов се бара кредити од 1,2 милијарди евра, а до сега од тоа одобрено е само половина - 600 милиони евра. Сите на плеќи рамноправно да го понесеме товарот и толку побргу ќе излеземе од кризата. Не дај боже да треба да кратиме од здравствените фондови - па да нема пари за болниците и аптеките. Полиција и војска мора да биде обезбедено. Да се водиме од државниот интерес“, рече Заев во своето јавување во емисијата.

Тој порача дека неговите предлози не значи дека Владата мора да ги прифати целосно како мерки, туку дека се уште се разгледуваат како можност.

„Не мора да бидат прифатени мерките на СДСМ. Јас сум претседател на најголемата партија во Владата, затоа морав да излезам со предлози. Владата веќе неколку дена дискутира и таа ќе ја донесе одлуката за мерките. Не мора да значи дека се мора да биде прифатени. Таа го има последниот збор откако ќе ги направи сите математики“, смета лидерот на владеачката партија.

Заев додаде дека солидарноста се состои во тоа што сите ќе добиваат иста плата и дека најмногу ќе изгубат тие што им била најголема. Ги поздрави Комерцијална банка, Халк Банк и Алкалоид и сите други кои ги плаќаат даноците авансно.

- Побогатите ќе бидат тие кои ќе помогнат најмногу да се враќаат кредитите подоцна кога ќе излеземе од кризата, додаде тој.


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра