29 Март, 2024
0.0616

Заев: Да живее европска Република Северна Македонија

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Да живее европска Република Северна Македонија, да живее Европа, да живее НАТО, рече на крајот од својот говор македонскиот премиер Зоран Заев на денешната свечена церемонија пред македонската Влада по подигнувањето на знамето на НАТО заедно со државното.

„Ние не веруваме во приказните за распаѓање на Европската унија, ние ја гледаме како најсилна. Ние припаѓаме таму и историски и политички. Пред нас е голема работа што треба да се заврши. Брисел нема да ни гледа низ прсти. Не очекувам попустливост од ЕУ. Некогаш ќе ни се бара и влакно во јајцето. Извршувањето на поглавјата има значење на директив. Нема да стасаме до Европа ако не работиме. А на Европа имаме што да и понудиме....мултикултура, соработка, наука“, истакна Заев во свечениот говор пред голем број на домашни гости од политичкиот и општествениот живот.

Преку НАТО ќе се реализира членството во ЕУ, смета Заев, а најголемата вредност што ќе биде извлечена ќе бидат еднаквите шанси за сите и правдата. Ја повика и опозицијата на заедничка соработка на патот кон зачленувањето.

„Сите се еднакви без оглед колкава им е банкарската сметка. Сега кога ги остваруваме националните стратешки интереси, друго подобро решение нема. Да не се лажеме. Не смее тоа да биде попречено поради нашите меѓусебни ривалства. По тој пат одат нашите соседи, нашите пријатели од регионот. Тоа е патот на слободата. Нашите идеи треба да водат кон иста цел, а тоа да не го попречуваат битките за власт. Со отворањето на бриселските поглавја ќе има работа за сите и за пратениците и за претседателот на Македонија“, наведе премиерот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење