(ГАЛЕРИЈА) Заев: Да не си играме играчки со нашата иднина и нашата Македонија
Објавено во: Македонија, Галерија 30 Септември, 2018
Повеќе од 90% од граѓаните гласаа „за“, изјави премиерот Зоран Заев вечерва во своето обраќање.
Повика пратениците да се обединат, за да ја однесат Македонија во ЕУ и НАТО.
„Да не си играме играчки со нашата иднина и нашата Македонија. Интересите на граѓаните да ги ставиме над сè“- рече Заев.
Вели дека нема да може да имаме подобар договор со Грција.
Заев рече дека овие 600.000 гласови „за“ покажуваат во кој правец ќе оди Македонија.
Според него, златно време доаѓа за Македонија.
Повика на посветеност за да државата оди напред.
Кажа дека изборите не се најпосакувано сценарио, туку се крајна опција.
На прашањето дали ќе се повлече бидејќи формално правно овој референдум е неуспешен, рече дека повеќето гласови се „за“ и нема намера да даде оставка.
ФОТО ФАКТОР