19 Април, 2024
0.0271

Заев: Бугарија не бара промена на нашиот Устав, можно е да блокира за ЕУ

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Има можност да не се донесе одлука за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, а тоа би значело дека една земја нема да дозволи. Сепак има работи за кои не се преговара. Ова го рече премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање коментирајќи ги изјавите од бугарска страна во врска со прашањата поврзани со Македонија. Тој сепак е дециден дека Бугарија не бара промена на Уставот на земјава и рече дека нема да има нов договор со источниот сосед, како што се шпекулира. Заев вели дека Бугарија ја признава реалноста и постоењето на македонскиот јазик. Повтори дека Република Северна Македонија нема територијални претензии и ги решава проблемите низ духот на меѓусбено разбирање.

„Верувам дека Бугарија која беше најголем поддржувач ќе продолжи тоа да биде и во иднина. Во сите свои изјави и наративи тоа го потврдува. Јас верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи тогаш, треба да се знае дека се бара од нашата страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме ниту би сакале да го прифатиме, рече Заев.

На дополнително прашање за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека нема да има лидерска средба.

Мицкоски ниту имал став ниту се втурнал одговорно за историскиот исчекор на нашата земја. Процесот е меѓу МНР и сега комисиите разговараат. Можеме само да одмогнеме ако свикуваме лидерски средби. Не треба да се натегаат лидерите и да се пренамагаат за да не се остави простор за решение, рече Заев.

Додаде дека очекува бугарскиот народ преку сите свои претставници да има недвосмислено потврдување на фактот на постоењето на македонскиот јазик и народ. Вели дека Борисов и другите ја прифаќаат реалноста за постоењето на македонскиот јазик и народ и сакаат да дебатираат за заедничкиот и посебниот дел од историјата. 

Заев во Бугарија треба да оди во ноември.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?