28 Март, 2024
0.0270

Заедно можеме повеќе

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Црвен крст на РСМ– Црвенкрст на Град Скопје, заедно со сите поединци и општествено одговорни субјекти (компании)кои ги поттикнува да се вклучат и да го поддржат процесот на донирање половна облека,се стреми да придонесеза создавање општество на одговорни граѓани со добри навики, каде што секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Преку процесот на донација на облека, како и преку работењето на социјалното претпријатие „Копче“, Црвениот крст поттикнува модел на одржливо живеење, односно поттикнува да се донира и да се купува облека која е веќе создадена и употребена, но која сѐ уште може да се користи. Со тоа не само што помагаме некому кому му е потребна помош туку и влијаеме за намалување на исцрпувањето на природните ресурси што се користат при производство на нова облека, како и за намалување на отпадот што се создава од неупотребата на облеката.

Како пример за општествено одговорна компанија, „Алкалоид“ АД Скопје, во партнерство со Црвениот крст, иницираше и даде поддршка во работењето на социјалното претпријатие „Копче“, а со тоа и поддршка за ранливите категории граѓани, преку хуманитарна собирна акција за донирање облека.Во периодот од 19 до 30 септември годинава во просториите на компанијата се одржа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беапоставенина неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 кг облека. Со личен пример, кон акцијата, во која учествуваа повеќе од 2000 вработени во компанијата, се приклучија и генералниот директор Живко Мукаетов и менаџментот на компанијата.

Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст иќе се проследи до крајните корисници. Ова е втора масовна акција која ја спроведува „Алкалоид“ АД Скопје годинава во соработка со Црвениот крст. Првата се одржа во текот на јуни годинава, по повод Светскиот ден на крводарителството, кој во „Алкалоид“ се одбележа со масовна крводарителска акција, за која беа пријавени околу 140 крводарители од компанијата во еден ден.

Ваквите заеднички иницијативи имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната одговорност кон општеството, помагајќи им на ранливите категории граѓани. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење