28 Март, 2024
0.0251

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Многу домаќинства и компании користат клима уреди, кои најчесто се користат во летниот период кога високите температури тешко се издржуваат без механичко ладење. Опсегот на работа на климите е зголемен и модернизиран, со тоа што одредени модели имаат инвертер технологија, која од 80те па сè до денес постојано се подобрува и надградува. Favorit Electronics како бренд со богата понуда на бела техника и апарати за домаќинство, во својата широка палета на квалитетни производи нуди и клима уреди со одлични перформанси и инвертер технологија – нешто кое ви овозможува да имате економичен и моќен уред за сите сезони во текот на годината – и за ладење и за греење.

Корисниците на клима уредите мораат да бидат свесни дека неодржувањето доведува до намалување на квалитетот на воздухот и создавање на непријатни мириси во домот, а исто така придонесува и за множење на бактериите, вирусите и мувлата. Главна причина за лош квалитет на воздухот во климатизираните простории е слабото и нередовно чистење на клима уредите. Покрај зачувувањето на квалитетот на воздухот во просторијата, клима уредот треба редовно да се чисти и одржува за да се зачува самиот уред и неговиот квалитет на работење. За да не дојде до расипување на клима уредот, потребно е тој да се подготви пред почетокот на летната сезона и да се обезбеди беспрекорна работа.

Карбон филтерот, филтрите за јонизација и разменувачите на воздух во еден клима уред дефинитивно бараат редовно одржување со цел ефикасно функционирање и долг работен век. Технолошки напредниот клима уред на Favorit, инвертер 18000 BTU, користејќи го моментално најеколошкиот гас R32, нуди врвен квалитет со одлични перформанси. R32 се користи за електрични апарати за домаќинство по европски стандарди, а истиот е со А++ енергетска класа. Но сепак, за да се задржи оптималната моќност на овој и на било кој друг модел, од голема важност е истиот да има редовно сервисирање. Под редовен сервис се подразбира проверка на фреонот, дали е правилно вакумиран, како и чистење на филтрите.

Тивкиот и економичен клима уред 18000 BTU, од инвертер линијата на Favorit, има карбонски филтер, со што за да обезбеди ефикасност во своето функционирање потребно е редовно чистење или замена на истиот. Запушените, нечисти филтри го блокираат нормалниот проток на воздух и ја намалуваат ефикасноста на клима уредот. Преку чистењето или замената на филтерот се обезбедува заштеда на електрична енергија до 15%.

Проблемите како што се главоболки, несоница и нервоза се најчесто предизвикани од уреди што ја намалуваат количината на јони во воздухот. Јоните се честички на воздухот наполнети со електрична енергија и тие се важни за здравјето на респираторниот систем и целиот организам. Јоните во природата брзо се создаваат и брзо исчезнуваат, а нивниот број варира од зависност од метеоролошките услови, влагата и загаденоста на воздухот. Атмосферата во домот или работната просторија може вештачки да се јонизира со помош на инвертер клима уредот 18000 BTU на Favorit со вграден филтер за јонизација.

Општо е познато дека озонската обвивка најмногу се оштетува од неквалитетниот фреон кој се наоѓа во фрижидерите и клима уредите. Затоа брендот Favorit вложува во својата работа за производство на квалитетни производи со одлични перформанси и технички спецификации. За добро функционирање и работа на инвертер моделот 18000 BTU, многу е важно пред почетокот на сезоната да се провери дали недостасува фреон во уредот. Фреонот е нерастворлив во вода, тој е поделен според хемискиот состав, еколошкиот фактор и од типот на уредот за кој се користи.

Компанијата Favorit како производител на клима уреди препорачува поредовно чистење на уредите од страна на овластените стручни сервисери. Преку одржувањето на клима уредите од страна на стручните лица кои се специјализирани за таа работа, се задржува и продолжува гаранцијата на производите. Одржувањето и редовното чистење на клима уредот допринесува до намалување на главоболките и превенција на одземање на непотребно време околу отстранување на несакани можни дефекти. Затоа дефинитивно е препорачливо сите сервисирања да не се изведуваат од страна на неовластени лица бидејќи истото може да доведе до непосакувани и непотребни дефекти, а воедно и губење на важноста на гаранцијата.

За подетални информации во врска со опциите и карактеристиките на инвертер клима уредот 18000 BTU, посетете ја веб страницата на Favorit Electronics.


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“