19 Април, 2024
0.0273

Заборавете ги паричниците – Еве зошто плаќањето со мобилни телефони е поедноставно и побезбедно

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќето од нас излегуваат од дома со три предмети: клучеви, паричник и смартфон. Но за одење во продавница, ова трио е дополнително поедноставено со развојот на дигиталните плаќања, па поради истото за купување денес ви се потребни само клучеви и паметен телефон. Како што, според некои истражувања, една четвртина од времето додека сме будни го поминуваме на телефоните [1], не е изненадување што употребата на мобилните телефони, со цел плаќање, станува сè повеќе популарна во целиот свет.

Можеби изгледа футуристички, но сега лесно можете да видите како вашите секојдневни активности стануваат малку поедноставни со извршување на сигурни, брзи и бесконтактни плаќања со паметниот телефон. Поради тоа, еве пет причини зошто да ги оставите паричниците дома и зошто да го разгледате плаќањето со мобилен телефон.

1.  Плаќање без допир

Како што пандемијата предизвикана од коронавирусот ги промени потрошувачките навики ширум светот, една од причините зошто треба да размислите за плаќање со паметен телефон, е намалувањето на физичкиот контакт. Имено, плаќањето со мобилен телефон ви овозможува да избегнете допирање на било што, освен на својот телефон, бидејќи не морате да го типкате PIN-от на POS терминалот, туку доволно е само да го приближите мобилниот кон читачот.

Од таа причина, за време на пандемијата значаен број на граѓани од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија имаат пробано мобилно плаќање. Според податоците од регионалното истражување, кое компанијата Visa го спроведе на почетокот на оваа година, во просек од околу 25% од испитаниците започнале да ги користат мобилните телефони за плаќање во текот на пандемијата.

2.  Мобилните паричници се побрзи

Мобилните паричници се брз начин на плаќање. Нема да трошите време на барање на готовина низ паричникот. Мобилните телефони овозможуваат брзина, која веќе ја познаваме од размена на текстуални пораки. За да ја користите услугата мобилно плаќање, потребно е да проверите со својата банка дали поддржува некои од дигиталните паричници, а потоа во дигиталниот паричник на својот телефон да ја додадете посакуваната картичка, со впишување на податоците или со фотографирање на картичката.

Штом еднаш го сетирате мобилниот паричник на својот паметен уред, подготвени сте за плаќање. Компанијата Visa во соработка со банките, веќе со години ја нуди услугата за мобилно плаќање на Android уреди во Македонија.

3.  Практично и едноставно

Уште една предност на мобилното плаќање е тоа што сè што ви е потребно, го имате на телефонот – дури ни паричникот не треба да го имате со себе. Ова може да биде корисно доколку сакате да посетите некоја продавница или ако само сакате ташната или паричникот да го оставите дома.

Исто така, мобилниот паричник, за разлика од вистинскиот, физички паричник, нема ограничување во поглед на бројот на картички, кои може да ги “собере”.

4.  Безбедно е

Мобилното плаќање не само што е полесно, туку и што е најважно – посигурно е од плаќањето со готовина. Имено, кредитните картички се шифрирани и “сокриени” зад заклучениот екран на телефонот. Кога ја регистрирате својата картичка за плаќање на мобилниот телефон, вашите чувствителни податоци се заменуваат со виртуелен број на сметка, сигурно складиран “во облакот”.

Личните податоци, како и податоците за трансакцијата, не се проследуваат на други трети лица, што дури ни telco провајдерот не ги знае податоците за вашата картичка. Сигурносната  технологија на токенизација, која ја користи Visa, ги заменува доверливите информации по пат на 16-цифрен број на сметка, со единствен дигитален идентификатор, кој се нарекува токен. Кога некој би го нашол токенот, не би можел да го искористи на друго место, сервис или уред, бидејќи истиот претставува единствена низа на цифри, кои се генерираат при секоја трансакција.

Дополнително PIN бројот на многу уреди, како и биометријата – покрај вашиот Face ID или Touch ID – нуди дополнително ниво на безбедност при мобилните плаќања. Во случај на кражба на телефон, биометриските податоци се нераздвојни од корисникот. Тоа значи дека никој освен вас, не може да ја авторизира трансакцијата.

5.  Можете да плаќате скоро секаде

Не е важно дали сте пред продавачот во маркет, ресторан или нарачувате храна од дома, плаќањето со мобилен телефон денес е можно на сè повеќе места.

Доколку не сте сигурни дали продажното место поддржува плаќање со мобилен уред, на терминалот побарајте го симболот за бесконтактно плаќање, кое се појавува како странично Wi-Fi лого, понекогаш со рака која држи картичка до истото.

Еднаш штом почнете да го барате ова лого, ќе видите дека го има скоро секаде. Затоа, во прилика на следното купување, без разлика дали пробувате да избегнете допирање на POS терминалот или едноставно не сакате повеќе да носите готовина со себе, пробајте плаќање со вашиот паметен телефон. Паричниците можеби ќе ви станат минато.



[1]Податоци од извештајот Digital 2021: Global Overview Report

https://datareportal.com/reports/digital-2021-global-overview-report


Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер