29 Март, 2024
0.0253

Забележете повеќе од тоа што го сакате со помош на новите функции на Galaxy S10 и Galaxy Note10

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics најави дека со софтверската надградба која што започнува овој месец, иновативните опции достапни кај Galaxy S20 флегшип серијата ќе бидат исто така достапни и кај Galaxy S10 и Galaxy Note10 уредите. Корисниците ќе можат да снимаат содржина со помош на најновата технологија на Galaxy камерата, вклучувајќи ја и популарната Single Take опција. Покрај тоа, корисниците ќе имаат пристап до најразлични подобрувања на софтверот, кои го прават Galaxy искуството уште попријатно.

Подобрено искуство за фотографирање и снимање

Ажурирањето на софтверот ќе ги пренесе избраните можности на Galaxy S20 серијата зафотографирање и снимање врз Galaxy S10 и Note10. Со опцијата Single Take, корисниците ќе можат потполно да уживаат во моментот, фокусирани на содржината која ја снимаат со помош на интегрираната технологија на база на вештачка интелигенција. Оваа опција го користи системот на камерата и вештачка интелигенцијаза да се направат низа фотографии и видеа одеднаш, предлагајќи ја и најдобрата фотографија.


Со подобрената Night Mode опција на Galaxy S10 и на Night Hyperlapse опцијата на  Galaxy S10 и Note10 сериите, корисницитеќе можат да прават одлични фотографии и видеа, дури и при слабо осветлување.

Кога ќе заврши снимањето, опцијата Custom Filter им овозможува на корисниците да креираат свој филтер со бои и стилови кои што им се допаѓаат најмногу, како и да преземат постоечки филтер од друга фотографија и да го применат на снимките. Оваа опција креира нов филтер кој што подоцна може да се користи во секоја прилика.

На страствените сниматели, Pro Video алатката им овозможува уште поголема контрола при снимање на видео содржини, овозможувајќи прилагодување на чувствителноста на леќите, изложеноста на сензорите при снимање, како и количината на светлината која што ја користи камерата. Исто така, им дава можност во текот на снимањето да преминат од предната на задната камера и обратно.


Интелигентна галерија

Ажурирањето носи голем број на опции кои помагаат за организирање на содржината во рамки на галеријата. Кога опцијата Clean Viewе вклучена, со помош на вештачката интелигенција личните фотографии во галеријата со иста содржина автоматски се групираат заедно. Корисниците со леснотија можат лесно да ги прегледуваат сличните фотографии и да изберат насловна фотографија за секоја група.Кога гледаат одредена фотографија во галеријата, можат да ја зголемат, да одберат соодветни димензии и да пристапат на Quick Crop алатката,која се наоѓа во горниот лев агол, за да ја добијат фотографијата во посакуваната големина.


Едноставни можности за споделување на содржини

Корисниците сега можат меѓусебно да споделуваат повеќе содржини, на поедноставен и полесен начин. Со апликацијата Quick Share можат да видат кои од нивните контакти се во близина и да споделат фотографии, видео содржини и поголеми фајлови со повеќе луѓе одеднаш. Со Music Share корисниците можат да ја продолжат веќе направената Bluetooth конекција со пријателите, така што повеќе нема потреба од исклучување на Bluetoоth за да можат да слушаат музика на звучник или во автомобилот.

За повеќе информации, посетете ги www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com.

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината.Компанијата поставува стандарди во областите на ТВ уредите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системите, меморијата и LED технологијата. За повеќе информации ивести, посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com



Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV