За викенд се затвора Кантонот Сараево
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Март, 2021
За викенд се затвора Кантонот Сараево, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Затворањето почнува во петок во 20 часот и ќе трае до понеделник во 7 часот наутро. Ова го потврди Един Форто, премиер на Кантонот Сараево. Ќе работат само аптеките, продавниците за храна, бензинските пумпи. Ќе работат здравствените установи и јавниот градски превоз.
„Ќе биде дозволена единствено достава на храна“, рекол Форто.
Инаку, во Кантонот Сараево во изминатите 24 часа се регистрирани 451 нов случај на Ковид-19, пишува „Дневни аваз“.
Во БиХ досега од коронавирусот починаа повеќе од 5.200 луѓе. Повеќето земји во регионот и во Европа ги враќаат рестрикциите.foto freepik