За три дена позајмивме 860 милиони евра - новите 160 милиони се од ЕУ
Објавено во: Економија 30 Мај, 2020
Македонија се задолжи кај Европската Унија - на земјава и се одобрени 160 милиони евра, а парите се за справување со економските последици од Ковид-19.
Станува збор за пари кои се одобрени преку инструментот за Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.
Претходно минатата недела Макеоднија се задолжи со еврообврзница преку што позајмивме 700 милиони евра, со камата од 3,675 проценти. Станува збоор за шестгодишна еврообврзница за која ќе платиме над 150 милиони евра камата.