29 Март, 2024
0.0267

„За тебе“-формирано првото и единствено Здружение од деца без родители за деца без родители

Објавено во: Македонија, Мои пари 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

За многумина 2020 е тешка година, а за нив - надеж! Здружението За тебе“ ветува целосна посветеност на сите млади кои пораснале без родители!

За тебе“ - ново име во светот на грижата и поддршката! Ново Здружение кое ги застапува проблемите на децата без родители

 2020 година можеби е најтажната година за многумина од нас. Година кога многу планови останаа во позадина, кога многу луѓе го загубија животот, година кога откривме колку е важно да сме сите сплотени.

Сепак, оваа година со себе носи и нешто убаво, барем за една група на граѓани, кои, како сите нас, се дел од ова општество и заслужуваат можност да станат најдобрата верзија од себе.

За првпат во Р.С.М. во 2020 година се формира здружение 'од деца без родители, за деца без родители', со целосно име Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“. Ние веруваме дека секое дете заслужува шанса да си ги оствари соништата.

„За тебе“ има цел да го инспирира општеството да им биде семејство на овие деца, со креирање на програми преку кои експертите во својата област ќе можат споделат дел од своето време, знаење и вештини, за и овие млади луѓе да имаат достоинствен живот.

Преку програмите кои Здружението „За тебе“ веќе ги подготвува, ќе се опфатат клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе кои до 18 години имале статус на дете без родители.

Засега, јавноста ќе ги добива сите информации за делувањето на ова здружение преку Фејсбук страна For You - За тебе.

Достоинствен живот за сите деца без родители!




Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот